Во три часот по полноќ почна зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот се вратија еден час наназад, односно времето во три часот се смета како два часот.
-
Македонија 31.10.2021 09:24
-
Македонија 31.10.2021 09:21
Лични карти ќе се издаваат и денеска
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти.
-
Македонија 31.10.2021 09:11
Отворена бесплатна телефонска линија во ДИК – 0800 555 44
Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе има отворен бесплатен телефонски број 0800 555 44 за пријавување евентуални изборни неправилности и повреди на гласачкото право.
-
Македонија 31.10.2021 09:09
Обвинителството ќе следи евентуални нерегуларности на изборниот процес
Јавното обвинителство продолжува во континуитет да ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои б
-
Македонија 31.10.2021 08:54
Изборниот процес ќе го следат 1.598 набљудувачи
Државната изборна комисија соопшти дека вториот круг на локалните избори ќе го мониторираат 347 набљудувачи повеќе во однос на првиот, односно изборниот процес ќе го следат 1.598 набљудувачи, од кои 1.220 се домашни, 368 странски, како и 10 странски новинари.
-
Македонија 31.10.2021 08:47
Се гласа од 7 до 19 часот
Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
-
Македонија 31.10.2021 08:39
Изборниот молк ќе трае до 19 часот
Изборниот молк што почна на 30-ти октомври во 00:00 часот трае до затворањето на гласачките места вечер во 19 часот.
-
Македонија 31.10.2021 08:31
Започна гласањето во вториот круг од локалните избори
Започна гласањето во вториот круг од локалните избори. Ќе се изјаснуваат 1.353.990 граѓаните во 44 општини и Градот Скопје, каде што во првиот круг ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство за избор на градоначалник.
-
Македонија 29.10.2021 18:16
Нови 417 случаи со Ковид-19, починати девет лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 155, Прилеп – 31, Куманово и Велес – по 26, Кавадарци – 24, Битола и Штип – по 17, Крива Паланка – 14, Кочани – 13, Тетово – 11, Охрид и
-
Македонија 29.10.2021 16:14
МВР: Поткуп за глас во Македонска Каменица
19- годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица денес пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ.










