Досегашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов вечерва го призна поразот и и честиташе на неговата противкандидатка Данела Арсовска.
-
Македонија 31.10.2021 22:44
-
Македонија 31.10.2021 22:29
Арсовска: Скопје добива жена градоначалник по 30 години од независноста
Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска која беше поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа во вториот круг на изборите.
-
Македонија 31.10.2021 19:15
Затворени избирачките места
Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат во вториот круг од локалните избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
-
Македонија 31.10.2021 17:59
Излезноста на гласачите во вториот круг до 17 часот е 42,85 отсто
Излезноста на гласачите на вториот круг од локалните избори во 44-те општини каде што се избираат градоначалници до 17 часот е 42,85 отсто. Податокот е од обранотени 83, 29 отсто од избирачките места или 2.044.
-
Македонија 31.10.2021 17:00
Поголема излезност во Битола во вториот круг
Во вториот круг од седмите по ред локални избори битолчани порасположени за гласање.
-
Македонија 31.10.2021 16:54
Непречено се одвива гласањето во Аеродром
Во текот на целиот ден процесот на гласање се одвиваше регуларно, во фер и демократска атмосфера –информираше заменикот претседателот на избирачкото место 2684, Зорица Димова. Таа рече дека гласањето почнало во предвидениот рок, и досега немало никаков застој на процесот.
-
Македонија 31.10.2021 16:25
Во Куманово се гласа без проблеми
Мирно, без проблеми, во фер и демократска атмосфера тече гласањето во Куманово и Старо Нагоричане. Терминалите за отпечаток на прст во вториот изборен круг функционираат.
-
Македонија 31.10.2021 16:02
Мирен изборен процес во Охрид и во Дебарца
Изборниот ден во Охрид минува во фер и демократска атмосфера. Од евидентираните 52. 477 граѓани со право на глас до 15 часот на 88 избирачки места гласале 40,68 проценти, што е помеѓу 7 до 8 проценти повеќе во споредба со истиот период од денот во првиот круг од локалните избори.
-
Македонија 31.10.2021 15:53
Одзивот до 15 часот е 34,22 отсто, најголема излезност во Вевчани-најмала во Сарај
Излезноста на гласачите до 15 часот е 34,22 отсто, соопшти Државната изборна комисија. Во цела држава се гласа мирно, со користење на уредите за отпечаток од прст и без никакви проблеми, изјави првиот човек на ДИК, Даштевски.
-
Македонија 31.10.2021 15:13
Нови 349 случаи со Ковид-19, починати 12 лица
Во последните 24 часа направени се 2.754 тестирања, а регистрирани се 349 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 166, Куманово – 23, Штип – 22, Прилеп – 18, Битола – 17, Кочани – 16, Кавадарци – 13, Тетово – 11, Велес и Охрид – по 10, Свети Николе – 9, Неготино – 8, Берово и Пробиштип – по 4, Гевге










