31-ви октомври е денот кога би се одржале локалните избори, мнозинството партии дава начелна согласност – изјави премиерот Заев. Тoj посочи дека со законско решение треба да се направи кусо продолжување на обврските на старите градоначалници.
-
Македонија 20.07.2021 14:58
-
Македонија 20.07.2021 14:52
Партиите во ров пред расправата за резолуцијата
Резолуцијата за црвените линии поднесена од ВМРО-ДПМНЕ нема да биде поддржана од владејачкото мнозинство доколку во текстот остане Република Македонија, што е прекршување на Pреспанскиот договор, категоричен премиерот Заев.
-
Македонија 20.07.2021 14:44
Висок одзив за вакцинација без закажан термин во Велес, но и за теренската
Во Велес во тек е вакцинација на деца, теренска вакцинација и без закажан термин. Без исклучок за сите има интерес. Најмногу за вакцинирање без термин, кога во текот на вчерашниот ден за пет часа биле вакцинирани 139, а денес до пладне 135 лица со прва доза.
-
Македонија 20.07.2021 14:33
Првенци на генерацијата во пандемиска година
19 прилепски основци и средношколци се првенци на генерацијата во најспецифичната учебна година. Пандемијата ги натера да седат пред компјутерот, а не во училишните клупи.
-
Македонија 20.07.2021 14:03
21 нов случај со Ковид-19, еден починат
Во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 8, Тетово – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1. Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Тетово – 8, Скопје – 5 и Гостивар – 1.
-
Македонија 20.07.2021 13:59
МЗ: Една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните
Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега примиле 27,5% од граѓаните.
-
Македонија 20.07.2021 13:24
Вчера аплицирани 17.343 вакцини, прва доза примиле 6.608 граѓани
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 463.048 граѓани.
-
Македонија 20.07.2021 13:00
Се намалуваат листите на чекање во Клиничка болница- Штип
После едногодишното редуцирање на медицинските зафати заради пандемијата, полека се нормализира работата во Клиничка болница- Штип. Се намалуваат листите на чекање и зголемен е бројот на интервенции на дневна основа.
-
Македонија 20.07.2021 12:52
Муслиманите го слават Курбан Бајрам, државниот врв со честитки
Муслиманскиот празник Курбан Бајрам ќе трае четири дена. Колективните обреди се одржуваат во дворовите на џамиите поради мерките за запштита од пандемијата. Верниците во духот на традицијата слават во кругот на семејството.
-
Македонија 20.07.2021 12:42
Заев: Локални избори на 31-ви октомври, за предлогот треба да се изјаснат партиите
Локалните избори да се одржат на 31-ви октомври. За предлогот треба да се изјаснат партиите. Се подготвува законско решение актуелните локални власти да останат до изборот на нови. За отворените листи има договор со поголемите партии, се чека ставот на малите- вели премерот Заев.










