Стабилна е епидемиолошката состојба во Кратово. Оваа општина од североистокот согласно податоците е меѓу градовите со најмал број на заболени од Ковид- 19. Во моментов позитивни на вирусот се само 24 лица.
-
Македонија 07.04.2021 16:48
-
Македонија 07.04.2021 16:37
ЦУК најави воведување број 112 за повикување помош
За да не се прават пропусти како случајот со овчарот од Крива Паланка, кој го загуби животот, и да се помогне на луѓето на кои им е неопходна помош, Центарот за управување со кризи најави воведување број 112 за повикување помош.
-
Македонија 07.04.2021 16:13
Филипче: Вакцинацијата е единствен начин да се победи вирусот
Вакцинацијата е единствен начин да се победи вирусот – истакна министерот Филипче на Светскиот ден на здравјето. Вели, ова ќе биде година на вакцинација. Во период кога побарувачката за вакцини е огромна, а капацитетите за производство ограничени, државата прави сѐ за да обезбеди нови дози.
-
Македонија 07.04.2021 16:05
ИЈЗ: Расте бројот на заболени и на смртни случаи
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 29 март до 04 април 2021, тестирани се вкупно 26.142 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0% во однос на минатата недела
-
Македонија 07.04.2021 15:56
Се спроведува теренска вакцинација во старечките домови
Процесот на имунизација на приоритетните групи за вакцинацијата ги вклучува и домовите за стари лица кадешто вакцинацијата се спроведува на терен за сместените корисници и за здравствените работници во сите болници за геријатриска и палијативна медицина низ државата.
-
Македонија 07.04.2021 15:31
Осум лекари од приватните болници од утре на располагање на јавно- здравствените установи
Македонскиот здравствен систем е под огромен притисок во третиот бран на коронавирусот. Бројот на пациенти во болниците континуирано расте. Од утре, осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно- здравствените установи.
-
Македонија 07.04.2021 14:58
ОЈО: За 11 лица поведена постапка за злоупотреби при издавањето пасоши
Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави – едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, крими
-
Македонија 07.04.2021 14:54
ВМРО-ДПМНЕ објави нови документи за „Мафија“, за СДСМ- Мицкоски ја саботира правдата
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обелодени нови документи за аферата „Мафија“. Македонски пасоши се давале и на нарко-босови од Албанија. Фалсификуван пасош добил и осомничен за обид за убиство на еден од водачите на Кавачкиот клан.
-
Македонија 07.04.2021 14:46
Поради компликации од Ковид-19, почина поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски
Поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски почина по компликации од коронавирус. Имаше 61 година. Речиси целата своја кариера ја посвети на јавнообвинителската работа.
-
Македонија 07.04.2021 14:23
Двојно зголемен бројот на хоспитализирани од Ковид-19
За изминативе десетина дена двојно е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Клиничката болница во Тетово.









