Од денес ставена е во употреба модуларната болница во Штип. Со капацитет за 47 пациенти, ќе го намали притисокот на досегашното инфективно, кожно, кардиолошко и одделот за интензивна нега, каде во моментот се лекуваат над 70 пациенти, од кои 45 на кислородна поддршка.
-
Македонија 01.04.2021 14:43
-
Македонија 01.04.2021 14:18
Социјална инклузија во битолскиот студентски дом „Кочо Рацин“
Студентските домови стануваат достапни за студентите со попреченост. Државниот студентски дом Кочо Рацин од Битола е првиот кој го промовира новиот центар за сместување и психосоцијална поддршка на лица од ранливи категории.
-
Македонија 01.04.2021 13:34
Едно лице обвинето за употреба на лажна потврда за негативен ПЦР тест
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и италијанско државјанство за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 01.04.2021 13:20
Србија донира уште 20.000 „Спутник“ вакцини за Македонија
Нови 20.000 дози од руската вакацина „Спутник“ пристигнаа како донација од Србија за земјава. Со нив ќе се обезбеди континуитет во вакцинацијата согласно националниот план, соопштија предмалку на прес- конференција премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче.
-
Македонија 01.04.2021 13:16
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 974 пациенти
Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 974 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
-
Македонија 01.04.2021 13:06
Во Скопје хоспитализирани 79 нови Ковид пациенти
Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 675 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 01.04.2021 12:54
Вакцинацијата кај старите лица над 77 години продолжува
На трите пункта во Скопје непрекинато тече вакцинацијата на граѓаните над 77 годишна возраст со „АстраЗенека“. Интересот голем. Само 2 насто од пријавените преку „Мој Термин“ не дошле да се боцкаат.
-
Македонија 01.04.2021 12:46
За вакцинација упат од матичен лекар и документ за соглaсност
На веб страницата kovid19vakcinacija.mk можете да го најдете документот „COVID19 Согласност за вакцинација“, кој е задолжителен документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано.
-
Македонија 01.04.2021 12:23
Пристигнува нова пратка вакцини
Во земјава пристигнува нова пратка вакцини. Со деталите за количеството и производителот на прес-конференција ќе информираат премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче.
-
Македонија 01.04.2021 12:09
Закажана собраниска седница за одложување на пописот и за Изборниот законик
За 13 часот закажана седницата на која на дневен ред ќе биде одложувањето на пописот и измените на Изборниот законик. Очекувањата за одржување седница ги потврди и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој објасни дека иако е 1 април, пописот денеска не е започнат, и законот не се крши.










