Во 15 часот, на пленарна седница ќе се најдат законските корекции за пописот. Народните избраници треба да дадат зелено светло, статистичката операција да се одложи за септември, да почне на 5-ти и да трае до 30-ти.
-
Македонија 02.04.2021 12:41
-
Македонија 02.04.2021 12:34
Пендаровски со одлука за ангажирање на војската на северната и јужната граница
Претседалот Пендаровски донесе одлука за анагажирање на Армијата на северната и на јужната граница врз основа на владиниот заклучок за постоење кризна состојба на овој дел од државава.
-
Македонија 02.04.2021 12:15
1.720 ковид- пациенти хоспитализирани низ болниците во земјава
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1720 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштуваат од ресорот здравство.
-
Македонија 02.04.2021 11:58
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 87 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 87 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
-
Македонија 02.04.2021 11:50
МВР: 14 прекршоци на забраната за движење, 534 санкции за неносење маска
Од 22.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 14 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштува МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 534 прекршоци.
-
Македонија 02.04.2021 10:51
Денеска нов протест за „Монструм“
За денеска е закажан протест против пресудата за обвинетите во случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Според најавите, протестот ќе почне во 13:30 часот од паркот во Чаир.
-
Македонија 02.04.2021 10:41
Се очекуваат нови количини вакцини, надлежните апелираат на масовна имунизација
Откако Србија вчера на земјава и ги испорача првите 20.000 вакцини „Спутник В“ од втората донација, во наредниот период се очекува да пристигне и останатата договорена количина од уште 20.000 „Спутник В“. Но, како што најави премиерот Зоран Заев, државата ќе набави и 500.000 „Синовак“.
-
Македонија 02.04.2021 09:51
Светски ден за подигање на свесноста за аутизмот
Со симболично трчање на Кејот на Вардар, денеска ќе се одбележи светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот. Настанот е организиран од страна на Здружението „Сина светулка“ и „KoRЯunners“.
-
Македонија 02.04.2021 09:41
Субвенции за домашни раси на добиток
Со Програмата за поддршка на земјоделството и оваа година дополнителни субвенции од 2.000 денари следуваат за говедата од домашната расата Буша одгледувани до крајот на 2021 година. Стадото треба да има најмалку 5 глави добиток.
-
Македонија 02.04.2021 09:26
191 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.







