Здравствениот систем е под голем притисок, но со прераспределбата на медицинскиот кадар во болниците, се амортизира овој најнов ковид- удар. Засега не се потребни нови рестриктивни мерки, но постојните треба да се почитуваат, порача министерот за здравство Венко Филипче од Прилеп.
-
Македонија 02.04.2021 15:20
-
Македонија 02.04.2021 15:11
Армијата вратена на јужната и северната граница
Вчера Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба на дел од територијата на државата за да се спречи транзитирање на мигранти. По оваа одлука и претседателот на државата Пендаровски, денеска ја врати војската на јужната и на северната граница.
-
Македонија 02.04.2021 15:04
Разлики за методологијата на пописот меѓу власта и опозицијата
Пописот да не се третира од политички причини. Тој се прави и за резидентното население и за дијаспората, зашто и во земјава и надвор од неа, тоа е наш народ, е ставот на премиерот Заев за најголемата статистичка оперција.
-
Македонија 02.04.2021 14:56
Сѐ додека нема лек, имунизацијата е единствениот начин за заштита
Вакцината е најмоќното оружје во борбата против коронавирусот, нејзината ефикасност е 90 проценти и спречува тешка форма на болеста. Додека нема лек, ова е единствениот начин да го вратиме животот од пред пандемијата. Лекарите ги повикуваат граѓаните на масовна имунизација.
-
Македонија 02.04.2021 14:32
Започна имунизацијата во тетовско
Љубица и Витомир беа меѓу првите граѓани од тетовско кои се вакцинираа. За време на пандемијата не биле инфицирани. Внимавале, ги почитувале препораките, но без вакцини не можеш да се заштитиш кога вирусот се шири со брза трансимисија. Имунизација е многу важна, велат.
-
Македонија 02.04.2021 14:19
Граѓаните секојдневно пријавуваат загадувачи преку платформите
Граѓаните секојдневно пријавуваат загадувачи преку отворените платформи од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Пријавите најчесто се однесуваат на цврстиот отпад. Од инспекторатот велат дека само минатата недела добиле 94 пријави, од кои 14 биле во нивна надлежност.
-
Македонија 02.04.2021 13:37
Филипче: Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки
Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, болничките капацитети се справуваат со третманот на пациенти, кадар има, се врши негова соодветна распределба во ковид- центрите, тврди министерот Филипче.
-
Македонија 02.04.2021 13:28
Нема доволно квалитетна вода за вештачки мрест на Охридската пастрмка
Веќе неколку години нема доволно квалитетна изворска вода која што е потребна за одгледување на рибниот подмладок на охридска пастрмка во Хидробиолошкиот Завод.
-
Македонија 02.04.2021 13:22
Куманово: Бројката на заболени расте, граѓаните донираат плазма
Оздравените од коронавирус од Куманово се заинтересирани за дарување крвна плазма. Досега над 80 пациенти донирале плазма, со надеж дека ќе им ја олесни борбата на критично заболените.
-
Македонија 02.04.2021 13:19
Заев: Дијаспората е нашиот народ, важно е сите да се попишеме
Ние го попишуваме целиот народ, без разлика дали живее дома или е надвор од државата повеќе од една година, изјави денеска премиерот Зоран Заев










