Во официјална посета на Македонија е министерот за одбрана на Народна Република Кина, генерал Веи Фенг-Хе. Ќе има средба со министерката Шекеринска.
-
Македонија 30.03.2021 09:44
-
Македонија 30.03.2021 09:38
Владата ќе ја одржи редовната 59-та седница
Владата денска преку видеоконференциска врска ќе ја одржи редовната 59-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма.
-
Македонија 30.03.2021 09:30
Комисијата за заразни болести ќе одлучува за нови рестриктивни мерки
Епидемиолошката состојба повторно пред Комисијата за заштита од заразни болести. Неизвесно е дали ќе има предлог за порестриктивни мерки. Минатата недела комисијата остана на ставот-само полициски час од 22 навечер до 5 изутрина, кој ќе трае до 6-ти април.
-
Македонија 30.03.2021 09:14
МНР со протестна нота до бугарското МНР по видео на пратеникот Џамбаски
Министерството за надворешни работи (МНР) преку Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија до бугарското Министерството за надворешни работи упати протестна нота во врска со објавено видео на пратеникот во Европскиот парламент од Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарс
-
Македонија 29.03.2021 18:40
41 починат, 303 нови случаи со Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 1.405 тестирања, а регистрирани се 303 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 195, Прилеп – 28, Куманово – 17, Гостивар – 14, Тетово – 8, Кавадарци – 7, Велес, Штип и Неготино – по 6, Струга и Кичево – по 3, Струмица и Гевгелија – по 2, Охрид, Кочани, Ресен, Радов
-
Македонија 29.03.2021 17:59
Успешна лидерска средба, пописот одложен за септември
Она за што Заев и Мицкоски не можеа да се договорат со месеци го решија на тет- а- тет средба за три часа. Пописот се одложува за септември, а локалните избори ќе се одржат во втората половина на октомври.
-
Македонија 29.03.2021 16:14
Заев и Мицкоски се договорија, пописот ќе се одложи
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес- конференција по средбата со премиерот Заев истакна дека е договорено пописот да се одложи. Пописот ќе се презакаже за во септември или првата половина од октомври, додека пак локалните избори да бидат во втората половина во октомври.
-
Македонија 29.03.2021 15:54
Протест на сточарите од полошко
Сточари од полошко немаат пари да ги прехранат овците и кравите. Резервата од сточната храна им завршила. Се надевале на пасиштата на Шара, но тие деновиве обелеа од снежна покривка.
-
Македонија 29.03.2021 15:35
Докиќ: Во нашите болници има место за сите пациенти
Огромен број на пациенти со ковид дијагноза бараат болничка заштита. Надлежните тврдат дека нема простор за паника, бидејќи има доволно места и доволен кадар. Во моментов во болниците низ Македонија се лекуваат 1.537 лица, а има уште 300 слободни кревети.
-
Македонија 29.03.2021 15:25
Утре седница на Советот за безбедност
Утре ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност, соопштија од претседателскиот кабинет. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.










