Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 33 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 18 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.
-
Македонија 22.04.2020 10:04
-
Македонија 21.04.2020 19:57
Спасовски - Пленковиќ: Одржувањето на Самитот за Западен Балкан e силна порака за поддршка на регионот
Премиерот Оливер Спасовски денеска имаше телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ, кој овие денови разговара со сите учесници на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Загреб, кој требаше да се одржи на 7-ми мај.
-
Македонија 21.04.2020 18:38
Заштитна опрема за лице може да биде маска за еднократна или повеќекратна употреба, марама, шал
Министерот за здравство Венко Филипче, на редовната прес-конференција информираше дека се регистрирани 24 оздравени пациенти, кои се лекувале во домашни услови и со два негативни контролни теста истите се регистрирани во Дебар, Струмица, Куманово, Штип, Прилеп, Скопје, Кочани и во Тетово.
-
Македонија 21.04.2020 16:32
Пикот на епидемијата не е поминат, се очекува на крајот на април
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната онлајн конференција истакна дека уште не сме влезени во периодот кога пикот на најмногу заразени пациенти со коронавирусот е поминат. Останува прогнозата дека врвот на епидемијата се очекува на крајот на месецот април или почетокот на мај.
-
Македонија 21.04.2020 16:14
Филипче: Се предлага пократок полициски час и задолжителни мерки за лична заштита
Сите рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот дадоа добри резултати. Мерките мора да останат во сила сѐ додека не сме сцелосно сигурни дека состојбата е под контрола и дека сме го поминале пикот на болеста.
-
Македонија 21.04.2020 12:25
Седум нови случаи на Ковид-19, еден починат, излекувани 24 пациенти
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.
-
Македонија 21.04.2020 12:11
Вкупно 25 лица обвинети за непочитување на здравствените прописи во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 20 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 25 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 21.04.2020 12:04
Пушачите поранливи на Ковид-19
При пушење цигара прстите се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вируси од рака на уста. Ова ги прави пушачите поранливи на COVID -19 и затоа треба да бидат особено внимателни, предупредува министерот Венко Филипче на Фејсбук.
-
Македонија 21.04.2020 11:55
Османи: Кризниот штаб на Владата дискутираше за полицискиот час да трае од 19:00 дo 05:00 часот
Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот Ковид-19, денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19:00 до 05:00 часот, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
-
Македонија 21.04.2020 10:41
Спасовски: 200-те излечени од Ковид-19 се дополнителна мотивација да продолжиме во спречувањето на коронавирусот
Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека 200 излечени наши граѓани од Ковид-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот.







