До Кривичениот суд пристигнале 62 барања за амнестија за собраниските настани. 27 се во Одделението за организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни.
-
Македонија 26.12.2018 10:46
-
Македонија 26.12.2018 10:41
Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите.
-
Македонија 26.12.2018 10:20
Собранието ќе ги разрешува министрите Ахмедовски и Ќахил и ќе избира нови
Собранието на Република Македонија за денеска ја закажа 77-седница на чиј дневен ред се предлогот на Владата за разрешување на Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и на негово ме
-
Македонија 25.12.2018 15:27
Синдикатот на вработените во здравството со сигурни гаранции за поголеми плати
Синдикалците во здравството задоволни од средбата во Владата со премиерот Заев и ресорниот министер Филипче. По двочасовни разговори се согласиле можно е зголемување на платите на вработените по првиот квартал идната година, ако економијата продолжи да се подобрува.
-
Македонија 25.12.2018 15:07
Метео: Променливо облачно и студено време
Во Македонија утре се очекува променливо облачно и студено време со умерен ветер од северозападен правец. На планините и натаму ќе има услови за провејување на слаб снег.
-
Македонија 25.12.2018 14:51
Тројно намален бројот на напади врз новинари во последната година
Од 59 регистрирани напади на новинари, само два добиле судски епилог. Ова го покажува последниот извештај на ЗНМ. Добрата вест, велат од здружението е што бројот на напади тројно се намалил изминатава година.
-
Македонија 25.12.2018 14:32
На почетокот на февруари, Џафери ќе ги распише претседателските избори
Во почетокот на февруари претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе ги распише претседателските избори. Според Уставот, изборот за шеф на државата се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател.
-
Македонија 25.12.2018 14:25
Амнестија: Рокот за пријавување истекува на полноќ
27- мина обвинети за настаните од 27- ми април доставиле барање за амнестија до Кривичниот суд. Обвинетиот Јане Ченто се изјаснил дека нема да бара амнестија, информираше претседателот на скопска единица, Џолев.
-
Македонија 25.12.2018 14:12
Константин Георгиевски избран за вршител на должноста градоначалник на Охрид
Советот на општина Охрид одржа вонредна седница на која беше избран вршителот на должност градоначалник. Со 15 гласа „за“, во наредните неколку месеци, сѐ до одржување на предвремени локални избори, градоначалничката функција ќе ја обавува кординаторот на советничката група на СДСМ, Константин Г
-
Македонија 25.12.2018 13:49
По прогласувањето на епидемија на морбили, за четири дена вакцинирани 220 деца
Стравот од ширење морбили ги натера дел од родителите да ги послушаат апелите на епидемиолозите и да ги вакцинираат децата, откако здравствените васти прогласија епидемија во скопско Радишани. За четири дена, вакцинирани се 220 деца, надлежните очекуваат бројот да се зголемува.










