Дали имаме гаранција за датум за преговори- јас верувам дека со решение за името, шансите се огромни да добиеме датум за преговори со ЕУ, а шансите се помали доколку проблемот со името не е решен- одговори премиерот Заев на пратеничко прашање oд опозицијата.
-
Македонија 31.05.2018 12:57
-
Македонија 31.05.2018 12:18
Денеска средба Иванов- Димитров
Претседателот Ѓорге Иванов денеска треба да се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој што треба да го брифира шефот на државата за тековните разговори за името.
Претседателот Иванов вчера соопшти дека не прифаќа решение за името за севкупна употреба.
-
Македонија 31.05.2018 11:26
Граничните премини кон Грција се отворени
Во Грција од утрово е прекинат 24-часовниот штрајк организиран поради најавените нови мерки за штедење. Трите гранични премини кон Грција, кои беа блокирани поради штрајкот, повторно се отворени и проодни за возила.
-
Македонија 31.05.2018 11:21
Двојно намалени водостоите на дел од реките
Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат речиси двојно намалени водостои во однос на просекот за мај на Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и на Црна Река кај Новаци, а намалување има и на Брегалница кај Берово и на Вардар кај Демир Капија.
-
Македонија 31.05.2018 10:31
Седница за пратенички прашања
Денеска во законодавниот дом ќе се одржи седницата посветена на пратеничките прашања. Пратениците ќе имаат можност да поставуваат прашања на кои одговор добиваат од премиерот Заев и од министрите во Владата.
-
Македонија 31.05.2018 10:29
ЦО на СДСМ со поддршка на Заев да носи одлуки за спорот со името
Вчеравечер Централниот одбор на Социјалдемократите му даде целосна поддршка на претседателот на партијата, Зоран Заев за разговорите и за носење одлуки во врска со спорот за името, информираат од оваа партија.
-
Македонија 30.05.2018 16:18
ВМРО-ДПМНЕ: Заев лицитира со името, идентитетот и со достоинството на граѓаните
Премиерот Заев заткулисно прави договори и тргува со националниот идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија обвинуваат дека дека власта лицитира со името и со достоинството на граѓаните. Бараат информации за текот на процесот.
-
Македонија 30.05.2018 15:41
Болните од Мултипла склероза бараат пристап до нови лекови
Наташа Црвенковска од Битола 16 години живее со Мултипла склероза. Вели дека воопшто не ѝ е лесно, работа нема, пензија тешко се остварува. Болеста прогресира, па пред една година почнала да користи и оропедско помагало.
-
Македонија 30.05.2018 15:18
Претседателот Иванов не прифаќа име за севкупна употреба
За претседателот Иванов не е прифатливо решение за името ерга омнес, велат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
-
Македонија 30.05.2018 14:57
Пушачите почесто страдаат од срцев и мозочен удар
Пушачите страдаат од два до четири пати почесто од срцев или од мозочен удар во однос на непушачите. На светскиот ден – алармантна статистика. Во Македонија, 46 проценти од луѓето на возраст од 15 до 64 години се пушачи.









