Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Тендери“. Се емитуваа снимки од пет прислушувани разговори кои се доказ на Обвинителството.
-
Македонија 13.04.2018 15:29
-
Македонија 13.04.2018 15:07
ВМРО-ДПМНЕ: Дадовте големи ветувања, не остваривте ништо
Скандали, неработа, неодговорност и негрижа ги одбележаа последните 10 месеци во Министерството за труд и социјала, откако со него управува СДСМ и Мила Царовска, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Царовска.
-
Македонија 13.04.2018 14:58
Случај „Транспортер“: Одбраната побара изземање на Судечкиот совет
Адвокатите во случајот „Транспортер“ побараа изземање на Судечкиот совет, како и на претседателите на Кривичниот и на Апелацискиот суд. Како што појасни судијката, барањето пристигнало 15-тина минути пред отпочнување на главната расправа.
-
Македонија 13.04.2018 14:53
Полицаец заработи притвор, дилал марихуана
Полицаец дилал марихуана, и од февруари до април годинава, во два наврати за 80 грама се офајдил со 11 илјади денари. Неговите колеги го фатиле при самиот чин на препродавање на дрогата, велат од МВР.
-
Македонија 13.04.2018 14:37
Ослободителна пресуда за обвинетите за убиството на тројцата полицајци во Арачиново
По 18 години минати низ судските лавиринти, четворицата обвинети за убиството на тројцата полицајци во Арачиново се ослободени. Пресудата гласи- нема докази дека Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани и Муча Бајрами ги сториле убиствата.
-
Македонија 13.04.2018 14:28
Реализирани над 90 проценти од Планот 3-6-9, се очекува чиста препорака
Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти, информира вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, изразувајќи очекување дека претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија ќе биде најдобар досега.
-
Македонија 13.04.2018 14:17
Пензиите стабилни, нема да се зголемува старосната граница
Нема да се зголемува старосната граница за пензионирање- пензиите се стабилни. Министерката Царовска тврди дека заедно со Светска банка се прави стратегија за стабилизирање на Пензискиот фонд. Информираше дека анализите се при крај и ќе бидат објавени наскоро.
-
Македонија 13.04.2018 13:07
Метео: Променливо време за викендот, температурата до 29 степени
Во првиот ден од викендот и натаму не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне на некои планински предели ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.
-
Македонија 13.04.2018 13:06
Ново рочиште за „ТНТ“ на 4-ти мај
Во кривичниот суд во скопје предмалку почна и веднаш се прекина новото рочиште од предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство.
-
Македонија 13.04.2018 13:02
Османи: Реализирани околу 90 проценти од Планот 3-6-9
Република Македонија испорачала исклучително задоволителни реформски резултати и е вратена на европскиот пат, му порачале евопските функционери на вицепремиерот Бујар Османи во рамките на последната посета на Брисел.










