„Колку се потешки предизвиците за една цивилизација, толку покреативен треба да биде нејзиниот одговор“- порача претседателот Иванов од 21. Евроазиски самит во Истанбул.
-
Македонија 12.04.2018 16:44
-
Македонија 12.04.2018 16:23
Актуелниот и поранешниот премиер на обвинителна клупа
Апелацискиот суд сѐ уште не донел одлука дали јавноста ќе ја види целосната снимка во која, како што тврди Обвинителството, поранешниот градоначалник Зоран Заев бара поткуп од струмички бизнисмен.
-
Македонија 12.04.2018 16:17
Власта и опозицијата гласаа за реформските закони
Со 86 гласа „за“ Собранието го донесе Законот за заштита на сведоците, што го побара СЈО. Од опозициската ВМРО- ДПМНЕ посочија дека со прифаќањето на 11 нивни предлози на работните групи, текстот на Законот е подобрен во насока на онезвозможување на селективна правда.
-
Македонија 12.04.2018 16:02
Германска поддршка за евроинтеграцијата на Македонија
Неколку дена пред објавувањето на извештајот на Европската комисија за Македонија, германските парламентарци во Скопје порачаа дека Германија е најголем поддржувач на Македонија за членство во Унијата, но дека треба да се завршат реформите и да се најде решение за името со Грција.
-
Македонија 12.04.2018 16:01
Метео: Максимална температура до 28 степени
Утре во Македонија претпладне ќе преовладува претежно сончево време. Попладне облачноста ќе се зголеми. На места е можна и појава на краткотраен локален дожд особено на некои планински предели.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.
-
Македонија 12.04.2018 15:53
Македонија домаќин на првиот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан
На дводневниот дигитален самит на земјите од Западниот Балкан што ќе се одржи во Скопје, ќе присуствуваат над 400 учесници.
-
Македонија 12.04.2018 15:46
Османи: Реформите се навремено испорачани
Планот 3-6-9 е соодветно реализиран, реформите се навремено испорачани, преземени се крупни чекори во добрососедските односи- истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на средбата со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.
-
Македонија 12.04.2018 15:40
Средношколците ќе се оценуваат по ПИСА
Колку се македонските средношколци писмени, знаат ли математика и природни науки? Одговори на овие прашања треба да даде меѓународното тестирање ПИСА, кое на крајот од месецот ќе го полагаат средношколците од прва година во гимназиите.
-
Македонија 12.04.2018 14:54
Разговори за името: Направен позитивен чекор, најтешкото прашање останува
За првпат разговаравме за временската рамка во која ќе се спроведува договореното меѓу Македонија и Грција, а за текот на денешните разговори со колегата Коѕијас ќе ги информираме премиерите.
-
Македонија 12.04.2018 14:44
Крихбаум: Германија ја поддржува Македонија, но мора да се реши проблемот со името
Германија ќе биде најголем поддржувач на Македонија за почнување на преговори со Европската унија, но прво мора да го решите проблемот со Грција со името, вели во изјавата за МТВ, шефот на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг, Гунтер Крихбаум.










