Утре во Македонија ќе се задржи сончево и стабилно време со појава на мала облачност и со услови за слаба магла по одделни котлини и речни долини.
Во Скопје температурата ќе достигне до 21, а максималната дневна до 24 степени.
Утре во Македонија ќе се задржи сончево и стабилно време со појава на мала облачност и со услови за слаба магла по одделни котлини и речни долини.
Во Скопје температурата ќе достигне до 21, а максималната дневна до 24 степени.
Да растеме самоуверени и успешни деца. Државата, ЕУ и УНИЦЕФ со кампања ќе ја менуваат сликата за одговорно родителство.
Утре и задутре во прва посета на Македонија доаѓа делегација на Воениот комитет на НАТО, предводена од генерал- полковник Стивен Шепро.
Австриска безрезервна поддршка за македонските евроинтегрции. Договорот за добрососедство со Бугарија и спогодбата од Преспа гарантираат добра иднина за Македонија, вели првиот човек на австрискиот Национален совет, Соботка.
Полни ходници на центрите за јавно здравје. Почна вакцинацијата против сезонски грип. Оваа година таа е четиритипна. Наменета е за целата популација на возраст над 6 месеци. Особено ризични групи за вакцинација се лицата над 65- годишна возраст, без разлика дали имаат хронични болести.
Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите на СЈО „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“.
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година. Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.
Утре на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања ќе се разгледува предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на екс- премиерот Никола Груевски. Според Уставот, мандат на пратеник може да се одземе со двотретинско мнозинство гласови.
За в среда, на 7-ми ноември е закажана седница на собраниската Комисија за уставни прашања. На дневен ред, поднесените нацрт- амнадмани од Владата за промена на Уставот.
Почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во сите Центри за јавно здравје, граѓаните со потврда од матичен лекар ќе можат да ја примат новата четиривалентна вакцина која ќе ги штити од четири типа на инфлуенца.