Утрешниот ден во Македонија ќе донесе претежно облачно и суво време со умерен ветер од јужен правец.
Во крајните јужни и северни планински предели ќе има услови за слаб снег особено попладне.
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе претежно облачно и суво време со умерен ветер од јужен правец.
Во крајните јужни и северни планински предели ќе има услови за слаб снег особено попладне.
Македонија бележи пад од 17 места, и се наоѓа на досега најниското 107 место на ранг- листата за перцепција на корупцијата. Проблемот и понатаму е сериозен - потврдува Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“ за 2017-та година.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари не може да се разрешува и именува директори на општинските училишта, соопшти Министерската за образование Рената Дескоска, на собраниската седница за пратенички прашања.
До крајот на март ќе се знае точниот број на вработените во јавната администрација, тврди министерот Манчевски. Институциите мора да ги внесат податоците во Регистарот на Министерството за информатичко општество.
Отстранет споменикот на Андон Јанев- Ќосето, револуционер, но и контроверзна личност на Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој беше отстранет во утринските часови, по што е преместен во магацините на скопска фабрика.
Европската унија ќе препорача почнување преговори со Албанија и со Македонија, најави еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан во интервју за германскиот весник „Ди Велт“.
Собранието на Република Македонија ја почна седницата на која пратениците поставуваат прашања до претставниците на Владата.
На седницата не присуствуваат пратениците од опозицијата.
Премиерот Заев за време на официјалната посета на Берлин оствари средба и со германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој оценил дека решението на спорот со Грција ќе даде позитивен импулс за целиот регион и за стабилноста.
В недела во земјава пристигнува претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, како дел од турнејата низ Западен Балкан.
Главните амбиции на Република Македонија во 2018-та година се почеток на преговорите за членство во ЕУ и земјата да стане 30-та членка на НАТО. Импулсот на ЕУ е изграден. Силно верувам дека Македонија заслужува индивидуална проценка.