Продолжува периодот на облачно време со повремени врнежи од дожд, снег на планините и на некои повисоки места.
Повеќе врнежи се очекуваат утре попладне и во ноќните часови особено во западните делови од Македонија.
Продолжува периодот на облачно време со повремени врнежи од дожд, снег на планините и на некои повисоки места.
Повеќе врнежи се очекуваат утре попладне и во ноќните часови особено во западните делови од Македонија.
Од 120 родени бебиња во Македонија, едно умира. Земјава на 105-то место по смртност на новороденчиња од 184 земји во светот, втора од дното во Европа, покажува најновиот извештај на УНИЦЕФ.
Нови два случаи на бремени малолетни девојчиња во Домот за деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“. Едното има 15 години, другото 17. Министерството за труд и социјална политика тврди дека не станува збор за злоставување.
Навремената интервенција на лекарите го спасила Зијадин Села од сигурна смрт – тврдат вештаците од Институтот за Судска медицина.
Собраниското мнозинство работи по налог на извршната власт, вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ја коментираше одлуката, неговиот предлог за објавување јавен оглас за нови членови на ДИК наместо втора да биде 18-та точка на пленарката.
Официјалната посета на Република Турција, шефот на македонската држава Ѓорге Иванов ја почна во мавзолејот со положување венец на гробот на таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк.
Дождливо време не очекува и попладнево. И во наредните денови ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места снег.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, а една од темите било и прашањето со името, соопштуваат од кабинетот на Ципрас, пренесува МИА.
На Комисијата за избори и именувања поминаа одлуките за исплата на апанажа за петтемина членови на Државната изборна комисија кои побараа право на плата и надоместоци по завршувањето на мандатот.
Во рамки на официјалната посета на Република Турција, претседателот Иванов утрово во Анкара положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк.