• Македонија 29.01.2018 14:45

    Протест против Законот за јазици и промена на името

    Додека Законот за јазици чека на ново разгледување, патриотски здруженија протестираа пред Законодавниот дом. Го изразија своето незадоволство, од како што велат, штетните политики на ненародната власт и парламентарно мнозинство, за воведување на двојазичност и промена на уставното име.

  • Македонија 29.01.2018 14:39

    Мајка и син загинаа во пожар во Битола

    За кусо време нови жртви при пожар на семејна куќа. 53- годишната мајка Ф.А. и нејзиниот 17- годишен син Д.А. во раните утримски часови настрадаа при пожарот што избувнал во семејната куќа на улицата Девеани број 115.

  • Македонија 29.01.2018 13:41

    Судењето за „Поткуп“ одложено за 26-ти февруари

    Во Основниот суд- Скопје 1 за 26-ти февруари е презакажано рочиштето за случајот „Поткуп“ во кој му се суди на премиерот Зоран Заев. Причината за одложувањето се службени обврски на обвинителот.

  • Македонија 29.01.2018 13:08

    Во Брисел средба Мицкоски- Хан

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Брисел се сретна со еврокомесарот Хан. Главните теми, интеграцијата и реформскиот процес. Според Мицкоски, ова се ветувања забележани на хартија.

  • Македонија 29.01.2018 13:04

    Пристигнати се барањата за помилување, Кривичниот суд ќе се изјасни по нив во рок од пет дена

    Кривичните совети од скопска единица, решаваат по пристигнатите барања за амнестија. Од таму информираат дека по стапувањето на сила на Законот за амнестија, во петокот, во Кривичниот суд стасале 100-тина барања од затворите. По нив се постапува според новото законско решение.

  • Македонија 29.01.2018 13:02

    Нимиц на средби во Атина и Скопје

    Посредникот во разговорите за разликата за името Метју Нимиц денеска во Атина ја почнува посетата на Грција и на Македонија, која ќе трае до 1-ви наредниот месец. Од властите треба да слушне што е прифатливо од последниот пакет идеи, предложени во Њујорк.

  • Македонија 29.01.2018 12:53

    Османи: Клучен период за евроатлантските интеграции

    Конкретен датум за почнување преговори и временска рамка за членство во ЕУ се очекувањата на Владата во пресрет на објавување на стрегијата за проширување на Европската комисија на 6-ти февруари во Стразбур- оценува вицепремиерот за европски прашања, Османи.

  • Македонија 29.01.2018 12:47

    Заев: Опозицијата да не го блокира Собранието

    Опозицијата има право на амандмани, но со поднесените повеќе од 30 илјади за Законот за употреба на јазиците се блокира работата на Собранието- смета премиерот Заев. Посочува дека ваквата ситуација може да се рефлектира на реформскиот процес.

  • Македонија 29.01.2018 10:44

    ВМРО-ДПМНЕ: Мора да сопре политичкиот реваншизам

    Еден од основните постулати на Европската унија и НАТО е владеењето на правото. Македонија не може да напредува во евро- атланските интеграции сѐ додека е заробена држава во која е укинато владеењето на правото, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

  • Македонија 29.01.2018 10:15

    Зачувување на природниот изглед на регионите

    Современото земјоделство ја деградира животната средина. За секое зачувано дрво на нивата, одржување на цветните патеки меѓу ораниците и дрворедите, европските фармери добиваат пари од агроеколошките мерки.

Pages