По донесувањето на Законот за амнестија, првите амнестирани затвореници се очекува денеска да излезат од затворите.
-
Македонија 29.01.2018 10:12
-
Македонија 29.01.2018 10:09
До четврток стабилно и суво време, благ пораст на утринските температури
До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со благ пораст на утринските температури. По котлините ќе има услови за појава на слаба до умерена магла.
-
Македонија 29.01.2018 10:04
Ново рочиште за случајот „Поткуп“
Во Основниот суд- Скопје 1 е закажано ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој на премиерот Зоран Заев му се суди за договарање поткуп.
Досега, поради низа процесни приговори предметот постојано се одложува, а одбраната бараше да се издвојат снимките како доказ во постапката.
-
Македонија 29.01.2018 10:02
Нимиц на мини турнеја на релација Атина- Скопје
Посредникот во разговорите за разликата околу името, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, ја почнува мини турнејата на релација Атина- Скопје.
-
Македонија 29.01.2018 09:58
Закон за употреба на јазиците: Уште еден обид, сега со илјадници амандмани
Законот за употреба на јазиците е повторно во Собранието во трето читање, откако претседателот на државата Иванов не го потпиша указот за него. И овојпат, Законот е со европско знаменце, што значи дека не му е потребно двотретинско мнозинство за да се донесе.
-
Македонија 27.01.2018 09:55
Координација за предлозите на Нимиц
Клубот на пратениците е местото каде македонскиот државен врв и партиски лидери денеска ќе разговараат за иницијалната рамка за решавање на разликата околу името со Грција, што ја предложи медијаторот Метју Нимиц во Њујорк.
-
Македонија 26.01.2018 17:18
Дурловски пуштен во куќен притвор, мерки за претпазливост за Пешевска
Судот го прифати барањето на Обвинителството, оперскиот пејач Игор Дурловски и собраниската службеничка Елена Доцевска- Божиновска се пуштени во домашен притвор. За пратеничката Жаклина Пешевска се одредени мерки за претпазливост.
-
Македонија 26.01.2018 16:38
Заев во Давос: Реформите се клучни за напредок на државата
Средбата со грчкиот премиер во голема мера го придвижува процесот на преговорите за името и потенцијалите за ново, квалитетно поместување во билатералните односи, информирал премиерот Зоран Заев на средбата во Давос со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.
-
Македонија 26.01.2018 16:11
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 70 амандмани за Законот за употреба на јазиците
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела 70 амандмани за Законот за употреба на јазиците. Пратеникот Влатко Ѓорчев изјави дека законот треба да биде донесен со консензус.
-
Македонија 26.01.2018 16:06
Шилегов: Повисоките сметки за вода ќе донесат поздрава животна средина
Наместо 500 денари просечна сметка за вода, граѓаните од март ќе плаќаат 522 денари. За овие пари, граѓаните ќе добијат поздрава животна средина- смирува градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Вели дека се должни да ја почититуваат одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.










