Законот јасно ги разграничува термините приведување и притворање. Според претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, приведувањето на обвинетите пратеници за случувањата од 27-ми април е согласно законот.
-
Македонија 26.01.2018 15:55
-
Македонија 26.01.2018 15:45
Почна судењето за нападот врз Зијадин Села, десетмина на обвинителна клупа
Не се чувствувам виновен- сите десетмина кои седнаа на обвинителна клупа се изјаснија дека неправедно се во судница. Се товарат за убиство во обид на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.
-
Македонија 26.01.2018 15:08
Средба Заев- Хан во Давос
Во Давос, премиерот Заев на средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Хан уште еднаш го повторил неговиот став дека средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција, е добра вест која покажува храброст, визија и државништво.
-
Македонија 26.01.2018 15:03
Владата ги повлече измените на законот за лекови, предлогот треба технички да се доработи
Владата го повлече Предлог- законот што требаше да донесе поголема контрола на лековите од паралелен увоз, непосредно пред собраниската Комисија за здравство.
-
Македонија 26.01.2018 14:56
Одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот
Холокаустот останува мерило за најголемото зло во историјата, без сеќавање еден народ нема иднина- рече претставникот на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ на комеморативната церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот.
-
Македонија 26.01.2018 14:50
ЕК: Средбата Заев- Ципрас е добар потег, решението да се бара во рамките на ОН
Европската комисија порача дека добрососедските односи се клучни за евроинтеграцијата и дека средбата меѓу грчкиот и македонскиот премиер е добар потег за наоѓање на решение за името.
-
Македонија 26.01.2018 14:44
Стапува во сила Законот за амнестија
Околу 800 затвореници излегуваат на слобода, а 3.097 ќе одлежат казна помала за 30 насто. Стапува во сила Законот за амнестија. Од понеделник, затворите ќе почнат да ги доставуваат досиејата на осудениците до судовите каде што им биле изречени затворските казни.
-
Македонија 26.01.2018 14:36
Утре координативна средба за името
Клубот на пратениците е местото каде македонскиот државен врв и партиски лидери в сабота ќе разговараат за иницијалната рамка за решавање на разликата околу името со Грција, што ја предложи медијаторот Метју Нимиц во Њујорк.
-
Македонија 26.01.2018 14:14
Метео: Сончево со мала облачност за викендот
За време на викендот во Македонија се очекува сончево време со мала облачност и со услови за појава на магла по одделни котлини.
Дневните температури ќе бидат во пораст. Утре максималната ќе достигне до 11, а во недела до 13 степени.
-
Македонија 26.01.2018 13:21
ВМРО-ДПМНЕ: Судиите да одлучуваат по Закон и по Устав
Правосудните органи вон закон и правна логика држат во притвор патриоти кои не сториле ниту едно кривично дело, а се обвинети за тероризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Владеењето на правото и правната држава се девалвирани откако СДСМ ја презеде власта.










