Меѓу приоритетите на бугарското претседателство е и европската перспектива на Западен Балкан. За експертите, оваа улога на регионален лидер ќе биде добредојдена за Софија, која има за цел да го поправи својот имиџ во рамките на Унијата, оценува Еуроњуз.
-
Македонија 04.01.2018 11:25
-
Македонија 04.01.2018 10:33
Македонско- грчките односи централно место во грчките медиуми
Последните случувања во Македонско- грчките односи заземаат централно место во сите грчки медиуми.
-
Македонија 04.01.2018 10:24
Патријарх Иринеј: Решението за МПЦ е единствено преку СПЦ
Барањето на Македонската црква од Бугарската црква да ѝ биде мајка- црква, нема никаква канонска ниту историска основа, и е доказ за незрелост, изјави српскиот Патријарх Иринеј во синоќешното интервју за ТВ Храм.
Решението за МПЦ, според него, е единствено преку заедница со СПЦ.
-
Македонија 04.01.2018 10:17
Земјоделците ја очекуваат зелената нафта
Земјоделците се поделени околу предвиденото зголемување на акцизата на нафтата од оваа година. Едни велат дека тоа нема да има големо влијание врз вкупните трошоци, а други бараат Владата да ја преиспита ваквата одлука и да не важи за земјоделците.
-
Македонија 04.01.2018 10:13
Најмногу снег во Лазарополе, во Охрид и Претор повеќе снег од Крушево
Првата снежна покривка годинава нѐ потсети дека и календарски сме во зима. Најмногу снег има во Лазарополе каде што висината на снежната покривка е 17 сантиметри, додека во Крушево наврнале само шест сантиметри.
-
Македонија 03.01.2018 15:55
Децата се зависни од модерната технологија
Подобро се снаоѓаат во виртуелниот отколку во реалниот свет. Поголем дел од времето децата го минуваат пред телевизор, компјутер или паметен телефон. Не се доволно физички активни, а тоа влијае врз нивниот правилен развој. Стануваат ли новите генерации жртви на напредокот на технологијатa?
-
Македонија 03.01.2018 15:27
Закажано рочиште за предметот „ТНТ“
За 24-ти јануари е закажано првото рочиште за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, како и уште четири други
-
Македонија 03.01.2018 15:10
Комплетирани осум жалби за притворот за 27-ми април
Oсум жалби на одлуката на кривичниот совет во скопска единица, да им го продолжи притворот на осомничените за собраниските настани од 27-ми април се комплетирани. Како што велат од Кривичниот суд, во текот на денот ќе бидат доставени до Апелација на натамошно постапување.
-
Македонија 03.01.2018 13:34
ВМРО-ДПМНЕ: Притворените се жртва на политички прогон
Приведени пратеници, но и уметници, артисти и други лица не се терористи, туку политички затвореници. Никогаш ниту сториле, ниту имале намера да сторат нешто против сопствената земја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 03.01.2018 12:52
Што нѐ прави среќни?!
„Среќата со пари не се купува...“- овој рефрен е вековна реалност која опстојува, само кој како го прифаќа. Колку ни е доволно? Многумина велат малку. Семејство, софра и пријатели. Сепак апетитите кај некои се многу поголеми, од дворец до боинг.









