Собранието ќе ја одржи последната седница годинава. На дневен ред се пратеничките прашања. Ова се вторите по ред пратенички прашања за премиерот Заев и за владините министри.
-
Македонија 28.12.2017 09:20
-
Македонија 27.12.2017 16:42
Заменици- министри од Алијансата за Албанците поднесуваат оставки
Алијансата за Албанците излегува од Владата. Функционери од оваа партија си поднесуваат оставки. Според информациите, се повлекуваат заменик-министерот за надворешни работи, Арта Точи, и заменик-министерот во транспорт и врски, Ремзи Мемети.
-
Македонија 27.12.2017 16:02
Воздухот во Скопје загаден над дозволеното ниво, стапија во сила интервентните мерки
Бремените жени, постарите од 60 години, хронично болните со астма, срцев или мозочен удар да се ослободат од работа- ова е една од владините мерки која стапи во сила, откако во два последователни дена е измерена висока загаденост на воздухот.
-
Македонија 27.12.2017 15:46
Продолжен притворот за 29 лица обвинети за собраниските настани од 27-ми април
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да им го продолжи затворскиот или куќниот притвор на 29-мина, опфатени со предметот на обвинителството за собраниските настани од 27-ми април.
-
Македонија 27.12.2017 15:41
Расте бројот на високообразован кадар што си заминува од државата
Научниците и професорите бараат подобар живот во европските метрополи поради повисоките плати, немањето доволно пари за истражувачка дејност, како и малиот број можности. Одливот на мозоци зема сѐ поголем замав и кај високообразованиот кадар од општествените науки.
-
Македонија 27.12.2017 15:35
МЗ: Нема инсулинска криза, обезбедени доволни количини инсулин
Министерството за здравство соопшти дека во Република Македонија нема инсулинска криза. Преку донација од компанијата производител, посочуваат од Министерството, се обезбедени доволни количества инсулин во земјава.
-
Македонија 27.12.2017 14:56
Од утре бесплатен јавен превоз во Скопје
Од утре јавниот превоз во Скопје ќе биде бесплатен, најави градоначалникот Шилегов. Мерката ќе важи до намалување на загаденоста на воздухот.
-
Македонија 27.12.2017 14:34
Судењето за случајот „Насилство во Центар“ ќе почне од почеток
Судењето за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ во новата година тргнува од почеток. Причината е тоа што судијата со новиот годишен распоред во Кривичен е распореден во друг оддел.
-
Македонија 27.12.2017 14:30
Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ на средба за идното функционирање на Собранието
Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во текот на денешниот ден ќе одржат средба на која што ќе се разговара околу идното функционирање на Собранието, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 27.12.2017 14:25
Изготвени измени на закони во правосудството и внатрешните работи
Владата ќе го достави до Собранието предлог- законот за основање на Оперативно-техничка агенција.










