Под влијание на влажен воздушен бран во Македонија утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини.
Ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Под влијание на влажен воздушен бран во Македонија утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките планини.
Ќе дува и засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Изминуваат 30 дена од неправедното притворање на невини луѓе, само заради политичка одмазда. Правосудните органи имаат можност да ја исправат неправдата и да ги прекинат неаргументираните притвори за фабрикуваното обвинение за тероризам, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Судењето за насилството во Општина Центар ќе почне од почеток. Причината за ова е смена на судечкиот судија, кој согласно со новиот годишен распоред ќе суди во друг оддел.
Децата без родители и родителска грижа згрижени во институциите во Скопје ги знаат месеците, бројат чекајќи го денот кога ќе бидат сместeни во згрижувачко семејство. Оваа форма е најблиска до биолошката заедница.
Одговарајќи на новинарско прашање, владиниот портпарол Миле Бошњаковски ги отфрли тврдењата дека има недостиг од инсулин во земјава.
Здружението на лица со дијабететес од Велес упати отворено писмо до премиерот Зоран Заев, во кое бара лично да се ангажира за да се стави, како што велат, крај на кризата со недостиг на инсулин.
Ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан оцени дека 2025-та година, како датум за евентуален прием на кандидати од Балканот во Европската унија, е реална, но амбициозна цел.
Собранието на Република Македонија ги одложи за денеска закажаните продолженија на пет седници. Единствено засега за утре е префрлена 22-та седница, на која на дневен ред се реформските закони од правосудството.
Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ денеска треба да се одржи во Кривичниот суд. Во овој предмет обвинети се 14 лица за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.