Пензионерот Панче Ангелов и се извини на министерката Радмила Шекеринска затоа што ја влечеше и кубеше на 27-ми април за време на Собраниските настани. Ја призна вината за, како што рече, грозоморното дело што го сторил, но појасни дека не сакал да ја малтретира, туку да и помогне.
-
Македонија 06.10.2017 14:36
-
Македонија 06.10.2017 13:50
Кривична пријава за градоначалникот на Берово
Градоначалникот на Берово заработи кривична пријава поради злоупотреба на службена положба. Според МВР, тој без решенија и без патни налози го користел возилото на општината за сопствени потреби.
-
Македонија 06.10.2017 12:47
Финансиска полиција: Кривични пријави против седум лица, првоосомничен градоначалникот на Вевчани
Финансиската полиција поднесе кривични пријави против седуммина. Се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластување, злоупотреба на постапка за јавен повик, за доделување договор за јавна набавка и за помагање. Првоосомничен е градоначалникот на Вевчани.
-
Македонија 06.10.2017 12:44
Јанева: Се анализираат материјалите земени од претресите
Сѐ уште се анализираат податоците коишто Специјалното јавно обвинителство со судски налог ги обезбеди вчера, а кои се поврзани со предистражната постапка за злоупотреба на АКМИС системот во скопскиот Кривичен суд за електронска распределба на предмети.
-
Македонија 06.10.2017 12:00
АРМ: Теренската вежба „Македонски Блесок-13“ извршена на највисоко професионално ниво
Предвидените активности на теренската вежба „Македонски блесок-13“, на која се реоценуваат средната батаљонска чета и ренџерската чета, согласно НАТО концептот за оперативни способности- ниво 2, се извршени на највисоко професионално ниво.
-
Македонија 06.10.2017 11:23
Метео: Значителен пад на температурата
Под влијание на влажен и студен воздушен бран, утре во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни (над 20 литри на метар квадратен), претежно во западните и севеверните делови.
-
Македонија 06.10.2017 10:49
Грејната сезона почнува порано
Регулаторната комиисија за енергетика најави порано почнување на грејната сезона, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 целзиусови степени.
-
Македонија 06.10.2017 10:45
19 општини имаат блокирани сметки, ќе добијат пари за да ги организираат локалните избори
Засега вкупно 19 општини имаат блокирани сметки, и за да можат да ги организираат локалните избори ќе добијат пари преку Државната изборна комисија, од Министерството за финансии.
-
Македонија 06.10.2017 10:25
Тетовскиот грав настрада од сушата
Тетовскиот грав годинава ќе го нема доволно. Поради сушата и високите температури собрани се само околу 10 проценти од гдишниот род. Земјоделците велат дека немаат доволно ни за сопствените потреби и тешко дека нешто ќе остане за продавање.
-
Македонија 06.10.2017 09:36
Ново судско рочиште за напаѓачот на Шекеринска во Собранието
Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судењето на Панче Ангелов, за нападот врз Радмила Шекеринска во Собранието на 27-ми април годинава.










