Четворицата обвинети за грабежот во НЛБ банка признаа вина пред судот. Изјавија дека се виновни оти со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, ја искористиле работната позиција и противправно присвоиле 400 илјади швајцарски франци и 375 илјади евра.
-
Македонија 19.10.2017 16:53
-
Македонија 19.10.2017 16:23
Вардар против Реал Сосиедад во Лига Европа, шпански навивачи во Скопје
Долгиот лет до Скопје не ги измори Шпанците, добија мотив плус, уште посилно да навиваат за својот клуб. Навивачите на Реал Сосиедад славјето го почнаа неколку часа пред стартот на мечот со Вардар. Видно расположени ги пееја своите препознатливи песни и наздравија со чаша пиво.
-
Македонија 19.10.2017 16:09
ДИК расправа за приговорите
Државната изборна комисија го почна маратонот на разгледување на приговорите поднесени за првиот круг од локалните избори. Со ждрепка првите три што се разгледуваат се поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Два комисијата одби, како неосновани.
-
Македонија 19.10.2017 15:41
Во Солун уапсени Грујевски и Бошкоски
Грчката полиција потврди дека во Солун ги уапсила поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Македонската полиција ги бараше со меѓународна потерница за обвиненија поврзани со нелегалното прислушување.
-
Македонија 19.10.2017 15:31
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за амнестија на лицата вклучени во настаните од 27-ми април
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе достават иницијатива за амнестија на луѓето кои беа вклучени во немилите сцени во и пред Собранието на 27-ми април, соопшти партијата. Оттаму бараат оние кои се во притвор за собраниските настани неодложно да бидат ослободени и амнестирани.
-
Македонија 19.10.2017 15:16
Средба Заев- Шчербак
Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со Олег Шчербак, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија.
-
Македонија 19.10.2017 14:57
Караџовски: Судскиот совет не работи селективно
Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски го очекува извештајот од Комисијата која врши проверка на АКМИС системот.
-
Македонија 19.10.2017 14:54
Грчката полиција го потврди апсењето на Грујевски и Бошковски
Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата поранешни началници во МВР, кои од СЈО се обвинети во предметот „Тврдина“, ноќеска се уапсени во Солун, Грција, потврди грчката полиција за медиумите.
-
Македонија 19.10.2017 14:36
Кривичен ги отфрли „бомбите“ како доказ во шест случаи на СЈО
Специјалното јавно обвинителство добило известување од Кривичниот суд дека за незаконски прибавени ги смета доказите со телефонските снимки за предметите „Титаник“, „Титаник 2“, „ТНТ“, „Тенк“, „Тревник“, и „Тифани“.
-
Македонија 19.10.2017 14:22
Метео: Од понеделник пониски температури
Сончевото и топло време во Македонија со мала облачност и со висока дневна температура продолжува утре како и во текот на викендот. Максималната температура во текот на утрешниот ден ќе достигне до 28, а во сабота до 29 степени.










