ВМРО-ДПМНЕ поднела најмногу приговори до Државната изборна комисија, вкупно 43. По еден приговор има од партиите ТМРО, Левица и од Алијансата за Албанците. Се однесуваат за текот на гласањето, но и за сумирањето и утврдувањето на резултатите.
-
Македонија 18.10.2017 14:49
-
Македонија 18.10.2017 14:37
Аудиоснимки- нов доказ во случајот „Сопот“
Аудиоснимка од прислушуваните материјали е нов доказ на Специјалното обвинителство во случајот Сопот. Обвинителот Бурим Рустеми предлага како доказ да се цени разговорот помеѓу двајца поранешни високи функционери од МВР. Aдвокатите не се противат на предлогот.
-
Македонија 18.10.2017 13:21
Поднесување барање за извод по електронски пат
Барања за изводи ќе се поднесуваат по електронски пат. Комората на адвокати, извршители, нотари и Управата за водење матични книги потпишаа Меморандум за соработка. Според нив, со ова ќе се намали и турканиците пред шалтерите и ќе се скрати времето за добивање на неопходните документи.
-
Македонија 18.10.2017 13:16
Поднесени 46 приговори до ДИК, 43 се од ВМРО- ДПМНЕ
Поднесени се 46 приговори за првиот круг од локалните изборни одржан на 15-ти октомври. Во предвидениот рок што истече ноќеска во два часот, најмногу приговори поднела ВМРО- ДПМНЕ, вкупно 43, а по еден приговор има од ТМРО, Алијанса за Албанците и од Левица.
-
Македонија 18.10.2017 13:13
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го призна криминалното владеење
ВМРО-ДПМНЕ сами ги признаа штетите од нивното 11- годишно криминално владеење, велат во СДСМ.
Се трошеше на луксуз и на криминални интереси на Никола Груевски, велат во СДСМ, додека граѓаните и државата тонеа во долгови и во сиромаштија.
-
Македонија 18.10.2017 13:11
ВМРО-ДПМНЕ: Поништен е тендерот за катна гаража во Охрид
Владата на СДС крати од капитални расходи и инвестиции, а се задолжува стотици милиони евра без објаснување за што се трошат парите на граѓаните, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Поништен е тендерот за изградба на катна гаража во Охрид со што дополнително се оптоварува сообраќајниот метеж.
-
Македонија 18.10.2017 12:24
Четворица во притвор за нападот врз Села
Јавното обвинителство соопшти- определен е притвор од 30 дена за четворица осомничени за кривичното дело „убиство во обид“.
Постапката против нив се води за нападот врз пратеникот Зијадин Села за време на собраниските настани од 27-ми април.
-
Македонија 18.10.2017 11:07
Ново рочиште за случајот „Сопот“
Со сослушување сведоци, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Сопот“.
-
Македонија 18.10.2017 10:25
ОМД: Трамп да го притисне Ципрас за деблокирање на македонското членство во НАТО
Средба на американскиот претседател Доналд Трамп и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Белата куќа, за што Обединетата Македонска Дијаспора во соопштение бара од Трамп да го притисне Ципрас за деблокирање на македонското членство во НАТО.
-
Македонија 18.10.2017 08:36
Истече рокот за поднесување приговори до ДИК за локалните избори
Ноќеска во 2 часот истече рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври.










