Гласањето на болните, изнемоштените и раселените лица, како и на затворениците во казнено поправните установи, што се одржува ден пред утрешните локални избори, засега се одвива добро и без проблеми, соопшти попладнево на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисја, Љупка Гугучев
-
Македонија 14.10.2017 12:43
-
Македонија 14.10.2017 11:10
Народен правобранител: Телефонски линии за повреда на избирачкото право
Канцелариите на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, утре на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори 2017, од 7:00 до 19:00 часот ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.
-
Македонија 14.10.2017 11:07
МВР викендов ќе издава лични карти
Сите одделенија за управни работи на МВР денеска и утре, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.
-
Македонија 14.10.2017 11:05
Упатство за гласање на локалните избори
За локалните избори кои ќе се одржат утре, избирачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право.
-
Македонија 14.10.2017 11:01
Изборен молк, гласаат затворениците, раселените и немоќните лица
На полноќ заврши изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат утре и започна изборниот молк.
-
Македонија 13.10.2017 16:43
Локални избори 2017: Од полноќ изборен молк
Завршни митинзи и средби со граѓаните на партиите и кандидатите за градоначалници и советници пред изборниот молк што почнува на полноќ. Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи митинзи во Струга и во Охрид. Претходно ќе одржи средби со жителите на Дебарца и на Вевчани.
-
Македонија 13.10.2017 16:35
Заев: Граѓаните в недела гордо да излезат на гласање
Ќе направиме сѐ за да се гордееме со нашиот Штип. Одлуката е едноставна, за два дена, рано наутро, гордо со исправено чело да излезете на гласачките места. Јасна е одлуката овде во Штип.
-
Македонија 13.10.2017 16:32
Ахмети: Потребни се кредибилни избори
Цврсто веруваме дека граѓаните в недела ќе знаат да го направат вистинскиот избор и да гласаат за бројот 3, рече шефот на изборниот штаб на ДУИ, Фатмир Бесими на завршната прес- конференција. Оцени дека партиската програма е реална, но амбициозна.
-
Македонија 13.10.2017 16:31
Груевски: На изборите се одлучува каква иднина ќе има нашата држава
Нашата задача е создавање дела, нудење решенија наместо празни зборови. Никогаш не се откажувамe, зашто патот мора да се изоди, идејата мора да се живее.
-
Македонија 13.10.2017 16:30
БЕСА побара поддршка од гласачите во Гостивар
Движењето БЕСА на предизборен митинг во Центарот за култура во Гостивар. Под мотото „За нов живот“ претставена предзборната програма. Лидерот на партијата, Биљал Касами рече дека победата во овој град ќе биде значајна и за Албанците и за Полошкиот регион.










