• Македонија 11.10.2017 09:35

    Сообраќајот по суви коловози и без застои

    Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози, без застои, соопшти АМСМ.

    Целосно е нормализиран и сообраќајот на магистралниот пат А3 Делчево-Македонска Каменица на м.в.„Лештаро“ атар на с.Драмче, кој синоќа беше во прекин поради сообраќајна незгода.

  • Македонија 10.10.2017 16:18

    Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е гаранција за силна држава

    ВМРО-ДПМНЕ е партија на граѓаните на Македонија и е гаранција за силна држава. Политиката на партијата произлегува од проекти и решенија.

  • Македонија 10.10.2017 16:16

    БЕСА вети подобар живот во Куманово

    Инвестиции во инфраструктурата, образованието и во спортот - најави кандидатот на Беса за градоначалник на Куманово, Дритон Сулејмани. Тој ја побара довербата од членовите, симпатизерите, граѓаните. Им вети дека ќе го подобри животот во градот во сите сфери на општетсвеното живеење.

  • Македонија 10.10.2017 16:15

    Заев: Власта ќе им служи подеднакво на сите граѓани

    Испишуваме историја, градиме едно општество за сите, носиме живот еднаков за сите- рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митинзите на коалицијата „Живот во Македонија“ во Гази Баба и во Арачиново. Македонија отвора нови перспективи, а власта ќе им служи подеднакво на сите граѓани.

  • Македонија 10.10.2017 16:13

    Ахмети: ДУИ произведува големи успеси и квалитет

    „Со победата на Висар Ганиу во Чаир на овие локални избори ќе победи цело старо Скопје, ќе победат и оние кои нема да гласат за него“ - рече лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на митингот на плоштадот Скендербег во Скопје.

  • Македонија 10.10.2017 15:32

    Во Битола одбележан Меѓународниот ден на белиот стап

    Офтомолозите максимално да посветат внимание во раното откривање на лицата со оштетен вид, а за оние кои одамна живееат во светот на мракот, надлежните институции да преземат системетски мерки за решавање на најгорливите проблеми- порачаа лицата со оштетен вид од Широк сокак, на одбележувбањето н

  • Македонија 10.10.2017 15:06

    Димитров пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

    Слободни медиуми, независно судство, демократски парламент- три приоритети кои според министерот за надворешни работи, Димитров, се цел за Владата. Презентираше извештај за три месечната работа пред европските пратеници во Брисел, во рамките на Комитетот на за надворешни работи.

  • Македонија 10.10.2017 14:52

    Низа нерегуларности на скопска Гинекологија

    На скопска Гинекологија во еден инкубатор лежеле по две бебиња. Клиниката која е со капацитет за 25 бебиња, во моментот на увидот имала згрижено 49 новороденчиња. Ова го констатирал Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

  • Македонија 10.10.2017 14:31

    МВР ќе издава лични карти во сабота и во недела

    Сите одделенија за управни работи на МВР ќе работат на 14-ти и 15-ти октомври, ден пред и на гласањето за локалните избори, за да можат граѓаните да извадат лични карти.

  • Македонија 10.10.2017 14:27

    Продолжува увидот во АКМИС-системот во Кривичниот суд

    Комисијата од Министерството за правда која прави ревизија на АКМИС- системот за електронска распределба на предмети, повторно влезе во скопскиот Кривичен суд. Се проверува дали имало злоупотреби.

Pages