Нови 150.000 работни места во наредната декада во Македонија, намалување на невработеноста под 10 проценти како во развиените држави, просечен економски раст од 4 насто, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Битола и во Ресен.
-
Македонија 05.10.2017 16:08
-
Македонија 05.10.2017 16:07
БЕСА: Историска можност да се променат работите на подобро
Имате историска можност да ги промените работите на подобро - рече пред жителите на Боговиње, Минур Асани, кандидатот за градоначалник во оваа општина од движењето БЕСА. Под ја промовираше својата програма мотото „За еден нов живот“. Вети решение за напластените проблеми.
-
Македонија 05.10.2017 16:04
Министерска средба во Солун за иднината на регионот
„Отворање нов прозорец на соработка е главната цел на состанокот во Солун“- изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
-
Македонија 05.10.2017 15:49
СЈО врши претреси во Кривичен суд
Специјалното јавно обвинителство врши претреси во кривичниот суд. Според првичните информации се работи за предистражна постапка за оддавање службена тајна.
Се проверуваат канцелариите на судијата Панчевски и уште двајца вработени во судот. Повеќе детали се најавени за подоцна.
-
Македонија 05.10.2017 15:41
Под истрага 24 лица за злоупотреба при доделување земјиште под закуп и исплата на субвенции
Дваесет и четворица се под истрага за злоупотреба на договори за закуп на земјоделско земјиште и исплата на субвенции. Се сомничат дека ги злоупотребиле службената положба и овластувањата оштетувајќи ја државната каса за околу 220 илјади евра.
-
Македонија 05.10.2017 14:31
Почина Алит Абази кој беше застрелан во Кичево
Носителот на независна листа за советници во Кичево, Алит Абази кој беше застрелан пред 10-ина дена во вооружен инцидент во центарот на градот, починал изутрината на КАРИЛ, како последица на здобиените повреди.
-
Македонија 05.10.2017 14:17
Изводи од матична евиденција од денеска на домашна адреса
Се олеснува процедурата за вадење Извод од матична евиденција. Скопјани на домашна адреса ќе добиваат извод од матичната книга на родени и на венчани. Со посебен систем се гарантира безбедноста на личните податоци.
-
Македонија 05.10.2017 13:49
Метео: Утре сончево и релативно топло, за викендот пад на температурите
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.
Во Скопје се очекува температура од 26, а максималната дневна на југоисток ќе достигне до 28 степени.
-
Македонија 05.10.2017 13:13
Под истрага 24 лица за злоупотреба на субвенции
Под истрага се 24 лица за злоупотреба на договори за закуп на земјоделско земјиште и исплата на субвенции. Јавното обвинителство во координирана акција со МВР.
-
Македонија 05.10.2017 12:48
Квадрилатерална министерска средба во Солун
Во Солун на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, полчасовна средба на шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас . Нема детали за што разговарале.










