Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со пороен дожд и грмежи во западните делови во претпладневните часови и околу пладне, а попладне нестабилно ќе биде во југоисточните делови.
-
Македонија 15.06.2017 09:01
-
Македонија 15.06.2017 08:12
Собранието ќе ја продолжи петтата седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици - министри на Владата.
-
Македонија 15.06.2017 08:08
Земјотрес почувствуван во Скопје и околината
Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е пoчувствуван изутринава во 06 часот и 07 минути во Скопје и околината.
-
Македонија 14.06.2017 16:30
Димитров во Атина побара поддршка, Коѕиас одговори- името е предуслов!
Овде сум за да ја побарам поддршката на грчката Влада и јавност со цел да зачекориме по патот по кој што сакаме да одиме, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по средбата со грчкиот колега, Никос Коѕиас во Атина.
-
Македонија 14.06.2017 15:54
Родова нееднаквост во Македонија
Работат по дома, се грижат за децата, често и за постарите во семејството, секојдневие на половина од работоспособните жени во Македонија, покажува последното истражување на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот.
-
Македонија 14.06.2017 15:47
Расте бројот на крводарители
Расте бројот на крводарители во земјава- oд Црвениот Крст податок дека над 18,000 луѓе годишно даруваат крв, се собират по 55.000 крвни единици.
-
Македонија 14.06.2017 15:42
Во Собранието стасаа владините предлози за нови заменици- министри
Седницата за избор на заменици – министри, реприза на онаа за гласање на новата влада. ВМРО-ДПМНЕ побара точката да биде повлечена од дневен ред, поради како што рекоа, кршење на деловникот и парламентарната практика.
-
Македонија 14.06.2017 15:29
Заврши државната матура
Заврши државната матура, околу 14.000 матуранти го полагаа и последниот екстерен предмет. Најмногу пријавени имаше за бизнис, филозофија, биологија и историја. Ученици велат дека поминале лесно.
-
Македонија 14.06.2017 15:23
Европскиот парламент со 503 гласа ја усвои резолуцијата за Македонија
Европскиот парламент со 503 гласови за, 113 против и 45 воздржани ја усвои резолуцијата на словенечкиот европратеник Иво Вајгл, по извештајот за Република Македонија, изготвена од Европската комисија во 2016 година.
-
Македонија 14.06.2017 15:15
Димитров: Во Атина сум за да барам поддршка
Денешната средба е добaр почеток, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров во Атина и побара поддршка. Грчкиот министер Никос Коѕиас порача дека се за развој на односите меѓу двете земји, смета дека е потребно решение за спорот за името.










