Земјоделците тешко се откажуваат од старите навики.
Годинава за сеидбата оризопроизводителите најмногу го користеа семенскиот материјал од домашно производство.
Земјоделците тешко се откажуваат од старите навики.
Годинава за сеидбата оризопроизводителите најмногу го користеа семенскиот материјал од домашно производство.
Денеска е последниот училиштен ден од учебната 2016/ 2017 година за околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци.
Полуматурантите месецов ќе се запишуваат во средните училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29-ти јуни.
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи свеченост по повод Денот на воздухопловната бригада.
Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е врв на лицемерието и двојните аршини, реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Работната група која ги истражуваше настаните во Собранието од 27- ми април утврдила неправилности.
Битола чествува едно од најтажните воени поглавја на минатиот век. На француските гробишта- помен за загинатите војници на сојузничките сили предводени од Франција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Будимпешта присуствуваше на работен состанок со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со десничарските партии од Балканот.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на средбата со претставниците на синдикатот на УПОЗ најави отворен социјален дијалог што ќе овозможи подобрување на условите за работа на администрацијата, но и зголемување на ефикасноста во работењето.
Вкупно 45 ревизорски извештаи биле реализарани минатата година. 36 државни институции биле субјект на ревизија на регуларност додека на шест им била извршена ревизија за успешност, се наведува во извештајот изработен од Центарот за економски анализи и Фондацијата за демократија.
„Зоран Заев треба да каже до каде се 500-те километри нови автопати кои ќе ги гради во Република Македонија, наместо да се занимава со лаги и измислици“, го прашаа на прес-конференција од ВМРО-ДПМНЕ.