Законот за јазици покрај на широка дискусија треба да се стави и на референдум за да се види што граѓаните мислат за предложеното, рекоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на новото собраниско продолжение.
-
Македонија 20.09.2017 15:49
-
Македонија 20.09.2017 14:55
Метео: Пад на дневната температура
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со повремен локален дожд особено во западните делови.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени.
-
Македонија 20.09.2017 14:53
Национален совет за евроинтеграции: Потребно е единство за клучните реформи
Поширок консензус при подготовката на законските проекти со активно учество и на опозицијата е главниот заклучок од дебатата во Националниот совет за евроинтеграции.
-
Македонија 20.09.2017 14:44
Навремена дијагноза и лекување за децата со нарушен раст
Задоцнета дијагноза и ненавремено лекување доведуваат до сериозни последици кај децата со нарушен раст, велат од Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања. Лекувањето и добивањетона терапија остануваат проблеми со кои во земјава се соочуваат стотина деца.
-
Македонија 20.09.2017 14:20
Владата го усвои Предлог- законот за амнестија, текстот на увид на експертската јавност
Се исцртуваат контурите на Законот за амнестија. Владата предлага целосно да бидат ослободени сите лица кои издржуваат затворска казна до 6 месеци, а на осудениците до 5 години, казната ќе им се намали за 30%, појасни владиниот портпарол Бошњаковски.
-
Македонија 20.09.2017 13:53
Судска разрешница и меѓународна истрага за „Диво насеље“
Ќе има меѓународна истрага за кумановските случувања во Диво насеље, потврди ресорниот министер Оливер Спасовски. За тоа кој стои зад овие настани и кои се извршителите јавноста ќе дознае откако ќе се спроведе отворена истрага.
-
Македонија 20.09.2017 13:47
Иванов изрази сочувство за жртвите во Мексико
Претседателот Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до неговиот мексикански колега, Енрике Пења Нието. Жали за загубените животи во катастрофалниот земјотрес.
-
Македонија 20.09.2017 13:30
ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев призна дека влијаел на тендерите
Анѓушев потврди дека ја користи функцијата вицепремиер во владата за да влијае врз тендерските постапки распишани од државните претпријатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е само доказ дека со право реагиравме за злоупотреба на неговата службена положба, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 20.09.2017 12:50
Почна собирањето потписи за референдум за зголемување на породилното отсуство
Во подрачните канцеларии на ДИК, почна собирањето на потребните 10 илјади потписи за распишување референдум што го покренува граѓанската иницијатива 450 породилно.
-
Македонија 20.09.2017 12:32
Ермира Асани Салија од БЕСА предложена за нов члeн на ДИК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата го утврди предлогот на движењето БЕСА, Ермира Асани Салија да биде нов член на Државната изборна комисија. Доаѓа на местото на Бедредин Ибрахими од ДПА, бидејќи БЕСА е 4-та партија според бројот на пратеници во Собранието.










