Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.
-
Македонија 07.07.2017 08:17
-
Македонија 07.07.2017 08:14
Сончево и топло, температура до 36 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 31 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
-
Македонија 06.07.2017 16:35
Министерот Димитров на Глобалниот форум во Варшава
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе учествува на Глобалниот форум во Варшава што го организираат Атлантскиот совет и Полскиот институт за меѓународни односи.
-
Македонија 06.07.2017 15:49
ВМРО-ДПМНЕ со 10 пратенички групи, за СДСМ ваквото групирање е обид за блокада
Наместо една, пратениците од Коалицијата за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Законодавниот дом ќе имаат десет пратенички групи и исто толку координатори. Согласно Деловникот, девет групи ќе имаат по пет членови, а десетата ќе брои шестмина.
-
Македонија 06.07.2017 15:45
Сугарески: Проблеми и на експресниот пат Прилеп- Градско
Сериозна анализа на сите делници кои се градат во државава, најави министерот за транспорт Сугарески. Вели дека слично како и на автопатите, детектирале проблеми и при изградбата на експресниот пат Прилеп- Градско.
-
Македонија 06.07.2017 15:12
Матурантите со најдобри резултати по биологија, најлоши по англиски
3,39 е средната оценка од екстерните испити на државната матура, соопштија од Државниот испитен центар. Матурантите најдобри резултати имаат по биологија 4,12, најлоши по англиски јазик 2,99.
-
Македонија 06.07.2017 15:07
Армиските ренџери на вежбата „Заеднички предизвик“
Армиските ренџери се дел од вежбата „Заеднички предизвик 2017“ што се одржува во Црна Гора. На денешното затворање на вежбата присуствува и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски.
-
Македонија 06.07.2017 14:48
СЈО поднесе вкупно 30 жалби до Кривичниот суд
Специјалното јавно обвинителство ги поднесе последните пет жалби за случајот „Титаник“ на решенијата на кривичните совети со кои беа одбиени барањата за притвор на високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 06.07.2017 14:35
Жбогар гледа оптимизам, бара реализација на планот 3-6-9
Евроамбасадорот Самуел Жбогар гледа оптимизам во земјава. Очекува Брисел да ги валоризира реформите. Бара реализација на планот 3-6-9.
-
Македонија 06.07.2017 13:14
Објавени резултатите од државната матура, средна оценка 3,39
Средната оценка од екстерните испити на државната матура за учебната 2016/2017 во јунскиот испитен рок е 3,39, соопшти Државниот испитен центар кој денеска ги презентираше резултатите.
Резултатите од испитите денеска се објавуваат и во училиштата, како и електронски на matura.gov.mk.










