-
Македонија 10.11.2025 13:26
Мечка тешко повреди човек
Мирното неделно берење печурки завршило со пеколен напад од со шумски ѕвер. Во атарот на Рилево во општината Долнени, мечка повредила повозрасен маж. Го забележале ловџии и повикале лекари. -
Македонија 10.11.2025 13:21
Со долгорочни решенија до чиста метропола
Заврши тридневната акција за генерално чистење на Скопје. Продолжува редовната хигиена. Од денеска нов предизвик – во јавниот сообраќај треба да се вклучат автобуси на приватните превозници. Долгото чекање на постојките беше уште еден од горливите проблеми на скопјани.
-
Македонија 10.11.2025 11:47
МОН: Во 2026 година ново рекордно зголемување на буџетот за научно-истражувачка дејност
Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување.
-
Македонија 10.11.2025 11:27
МВР:Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.
-
Македонија 10.11.2025 10:26
Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
-
Македонија 10.11.2025 09:23
10. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје ги организира 10. Отворени денови од денеска до 14 ноември. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи денеска со што воедно ќе биде одбележан и Светскиот ден на науката – 10 Ноември.
-
Македонија 10.11.2025 08:49
Денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци – студенти и слушатели на Воената академија во Скопје
На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци – студенти и слушатели од курсот за офицери и штабни службеници.
-
Македонија 10.11.2025 08:21
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 10.11.2025 08:10
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
-
Македонија 09.11.2025 18:45
Придобивки од европското проширување
Оливер Тасевски, сопственик на кумановската фирмата „М и Т група“ користи грант од 250 илјади евра, пари на Европската унија ефектуирани преку германската компанија за меѓународна соработка. Со парите купи една од специјализираните машини.










