Парламентот да работи непречено, а сите парламентарци, вклучувајќи ја и опозицијата, да имаат конструктивна улога- оваа порака ја испрати Јоханес Хан по средбата со Талат Џафери во Брисел.
-
Македонија 04.05.2017 15:47
-
Македонија 04.05.2017 15:03
Службен весник: Идната недела одлука за собраниски претседател
Службен весник потврдува дека стигнал дописот за одлуката за избор на претседател на Собранието. Од таму информираат дека одлуката ќе биде објавена во наредниот број во почетокот на идната недела.
-
Македонија 04.05.2017 14:57
Метео: Променливо и нестабилно, локална појава на пороен дожд
Променливото и нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови продолжува и утре.
Поинтензивни процеси се очекуваат во северените и источните делови од Македонија. Ќе дува умерен западен ветер кој на места ќе го засилува интензитетот.
-
Македонија 04.05.2017 14:54
Претседателот Иванов на РСБСП му додели „Повелба на Република Македонија“
Една секунда невнимание во сообраќајот, може да ги промени сите животни планови.
-
Македонија 04.05.2017 14:48
Одбележани 114 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев
Наградата „Гоце Делчев“ е поттик и повик за уште поголеми стремежи и напори за рамноправен натпревар во светот на големата наука.
-
Македонија 04.05.2017 14:15
Средба Хан- Џафери: Собранието мора да работи непречено
Талат Џафери во Брисел на средба со Јоханес Хан. Еврокомесарот порачува дека Парламентот мора да работи непречено, а сите парламентарци, вклучувајќи ја и опозицијата, се очекува да имаат конструктивна улога.
-
Македонија 04.05.2017 14:03
Средба Ахмети- Жбогар
Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар со кого разговараше за ситуацијата во државата по настаните од 27 април и за идните чекори.
-
Македонија 04.05.2017 13:19
Повелба на Република Македонија за РСБСП
Претседателот Иванов на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот му додели повелба, како признание за постигнатите резултати во унапредување на сообраќајната култура. Годинава се одбележуваат 55 години од постоењето на Советот.
-
Македонија 04.05.2017 13:09
Мерки за претпазливост за три лица за настаните во Собранието
Кривичниот суд ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за настаните што се случија минатиот четврток во Собранието. За едно лице е одреден 8-дневен притвор, а за двајца мерки за претпазливост. Тие беа приведени од МВР завчера.
-
Македонија 04.05.2017 12:50
Заев: Нова влада ќе има до крај на месецот
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на средба со претставници на мисијата на ОБСЕ за настаните во собранието од 27-ми април. Институциите треба да си ја завршат својата работа, и како што вели Заев, насилството да биде санкционирано. Најави дека нова влада ќе има до крајот на месецот.








