Според синоптичарите од денеска ќе почне период во кој температурата ќе опаѓа, ќе се зголемува облачноста. Од попладневните часови, претежно на запад ќе има повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.
-
Македонија 15.05.2017 10:16
-
Македонија 15.05.2017 08:08
Најавена координација на парламентарните партии
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во 10 часот закажа координативна средба меѓу претставниците на сите парламентарни партии, за датумот за локалните избори.
-
Македонија 14.05.2017 08:41
Земјотрес почувствуван во Скопје и околината
Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.
-
Македонија 12.05.2017 16:40
ВМРО-ДПМНЕ предлага три термини за локалните избори
2- ри јули, 17- ти или 24- ти септември, 15- ти октомври, ВМРО-ДПМНЕ ги предлага овие термини за одржување на локалните избори.
-
Македонија 12.05.2017 16:21
Заев: Во собранискиот напад се вклучени шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ
Исказ пред надлежен јавен обвинител за настанот од 27- ми април во Законодавниот дом даде лидерот на СДСМ, Заев. Изјави дека во инцидентот биле вклучени шестмина пратеници. Очекува секој учесник во случувањата да одговара за стореното дело.
-
Македонија 12.05.2017 15:52
Џафери: По 20-ти мај сѐ ќе зависи од волјата на мнозинството
До идниот петок, собранискиот спикер ќе го чека претседателот Иванов да го додели мандатот за формирање нова влада. На брифинг со новинарите, Џафери рече дека доколку тоа не се случи, тогаш од 20-ти месецов мнозинството ќе постапува според волјата.
-
Македонија 12.05.2017 15:31
Отворен ден на универзитетот „Свети Климент Охридски“
Второформираниот универзитет во земјава преку манифестацијата „Отвотен ден“ ги претстави потенцијалите на високонаучната установа пред идните бруцоши.
-
Македонија 12.05.2017 15:06
Џафери на средба со амбасадори на земји- членки на ЕУ
Претседателот на собранието Талат Џафери оствари средба со 16 амбасадори на земјите- членки на Европската унија, акредитирани во Македонија.
-
Македонија 12.05.2017 14:42
Метео: За викендот сончево и топло, од понеделник дожд
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време. Утре на повеќе места дневната температура ќе го надмине 30-от степен.
Ќе дува умерен повремено засилен западен ветер во западните делови, на повисоките места и на планините.
-
Македонија 12.05.2017 14:40
Недостиг на медицински сестри во јавното здравство
Недостигаат медицински сестри во јавните здравствени установи низ земјава- констатација на Меѓународниот ден. Се предупредува дека овој стручен кадар се одлева. Како проблем се посочуваат ниските плати, но и нерешениот работен статус.










