Време е институциите да се формираат и да профункционираат- изјави евроамбасадорот Самеул Жбогар. Смета дека што поскоро треба да се избере нов претседател на Собранието, а сите политички чинители да се обединат кон единствената цел- евроатлантските интеграции на Македонија.
-
Македонија 19.04.2017 13:21
-
Македонија 19.04.2017 11:06
Охридското Езеро 16 сантиметри над минимумот
Нивото на Охридското Езеро е 16 сантиметри над дозволениот минимум, но е под просекот за април кој изнесува 42 сантиметри над минимумот, соопшти УХМР.
-
Македонија 19.04.2017 10:40
Продолжуваат протестните маршеви низ земјава
Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои траат речиси два месеца. Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, а според нив, овој документ води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.
-
Македонија 19.04.2017 10:31
Облачно време со врнежи од дожд
Денеска под влијание на нов влажен бран, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има попладне во источните делови, каде локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.
-
Македонија 19.04.2017 10:04
Претседавачот на Претседателството на БиХ во посета на Македонија
Претседателот Ѓорге Иванов ќе биде домаќин на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.
-
Македонија 19.04.2017 08:02
Сообраќајот по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 19.04.2017 07:59
Продолжение на конститутивната седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Ова е 14-то продолжение на конститутивната седница, на која на дневен ред е и изборна претседател на Собранието.
-
Македонија 18.04.2017 16:39
Билт: Демократија, Устав и Европа- три работи кои ќе ја однесат Македонија напред
Клучот е во Уставот, без разлика дали станува збор за Македонија, Шведска или за Грција- поранешниот шведски премиер, Карл Билт рече дека е во извидничка мисија низ Балканот и дека со Паневропската невладина организација собира информации кои ќе ги пренесе на институциите во Брисел.
-
Македонија 18.04.2017 16:26
Прегазено 4- годишно дете
Четири годишно дете од село Морани се бори за живот во Градската општа болница. Околу 13 часот со автомобил било прегазено од 62- годишник.
-
Македонија 18.04.2017 16:01
Не се очекуваат промени во односите меѓу Македонија и Турција по референдумот
Референдумот со кој се зголемија ингеренциите на претседателот Ердоган се логичен одговор на долгогодишнта недефинираност на Европа кон барањето на Турција за влез во Унијата, смета дипломатот Ристо Никовски.









