На улиците се враќа иницијативата „За заедничка Македонија“. Продолжуваат протестите кои траат 51 ден. Се маршира во Скопје и во повеќе други градови.
-
Македонија 18.04.2017 15:54
-
Македонија 18.04.2017 15:48
Продолжи конститутивната седница, партиите со исти ставови
Мора реално да се согледаат позициите и да најдеме компромис, бидејќи македонскиот народ не се согласува со содржината на Тиранската платформа- рече во својата дискусија пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков.
-
Македонија 18.04.2017 15:07
Раселените кои настрадаа во ланските поплави треба да го напуштат „Сениќ“
Без никакви услови за нормален живот, без вода и канализација, мувлосани ѕидови, празни соби. За еден ден изгувивме сѐ што имавме и немам каде да се вратам- вели пред камерата на МТВ, Вазвие Фазлиоска од Инџиково.
-
Македонија 18.04.2017 15:01
Метео: Претежно облачно време со врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат попладне особено во источните делови. Локално ќе има и појава на грмежи.
-
Македонија 18.04.2017 13:34
Во тек е сообраќајната акција „Побавно, Европо“
„Побавно Европо“- ова е сообраќајната акција, која ја спроведува полицијата во 30-тина земји од континентот, како дел од ограничувањата на брзината на возилата. Денеска треба да почне и кај нас.
-
Македонија 18.04.2017 13:25
Поплавените семејства мора да се вратат дома
Раселените кои настрадаа во ланските поплави во близината на Скопје, треба да го напуштат прифатниот дом „Томе Стефановски- Сениќ“, каде што беа згрижени. Но, поплавените од Сингелиќ, Стајковци и Инџиково, велат дека немаат каде да одат.
-
Македонија 18.04.2017 13:21
Собранието ја продолжи конститутивната седница
По петдневна пауза, Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 18.04.2017 13:09
Билт: Да се прктикува демократијата
Без конкретна порака. Дојден сум овде да ги ислушам ставовите на политичките лидери. Шведскиот дипломат по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека решение за сѐ во животот, па и во политиката е практикувањето демократија.
-
Македонија 18.04.2017 12:33
Заладување со пообилни врнежи од дожд
Под влијание на нов влажен бран утре времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, информира УХМР. Попладне во источните делови, врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. На места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.
-
Македонија 18.04.2017 12:26
Запленети седум килограми хероин на ГП „Богородица“
Седум килограми хероин заплениле царинските службеници изминатиот викенд, во саботата, при контрола на патничко возило на граничниот премиен Богородица. Хероинот бил набавен во Истанбул, а требало да биде пренесен во Нози Пазар.









