Меѓународна конференција за зголемување на безбедноста во сообраќајот во Југоисточна Европа се одржува денеска во Скопје.
-
Македонија 30.09.2016 10:55
-
Македонија 30.09.2016 10:32
Премиерот Димитриев на погребот на Шимон Перес во Израел
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска во Ерусалим ќе присуствува на државната меморијална церемонија и државен погреб на деветтиот претседател на Израел Шимон Перес. Церемонијата на државниот погреб на Перес, кој почина во средата на 9
-
Македонија 30.09.2016 10:16
Пченицата ќе се сее на 80.000 хектари
Есенва почна со добри услови за подготовка на полињата за сеидба. Во Македонија, како и лани се најавува житните култури да бидат посеани на 115.000 хектари, а најмногу од нив пченицата на 80.000 хектари.
-
Македонија 30.09.2016 10:13
Судското рочиште за „Дива населба“ отворено за јавноста
По исказите на заштитените сведоци, продолжува доказната постапка за предметот „Дива населба“. Судското рочиште е одново отворено за јавноста.
Обвинителниот акт товари 37-мина обвинети за тероризам и логистичка поддршка во минатогодишните мајски вооружени инциденти во Куманово.
-
Македонија 30.09.2016 10:10
Македонија домаќин на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ
Македонија е домаќин на Есенската сесија на Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа. На собирот учествуваат делегации од 51 земја од Европа, Централна Азија и Северна Америка.
-
Македонија 29.09.2016 17:12
Во ноември судење за протестите пред Општина Центар
Судењето на обвинетите кои учествуваа во протестите пред Општина Центар е закажано за 21 ноември - информираат од Кривичниот суд.
-
Македонија 29.09.2016 16:41
Спасовски со 11 измени во полицијата
Нови раководители на 7 сектори и 4 оддели во МВР. Ресорниот министер Спасовски вели дека постапува законски и според измените во законот за влада и договорот од Пржино. Сменети се првите луѓе во секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип, Охрид, Велес и Струмица.
-
Македонија 29.09.2016 16:26
Вајгл: Очекуваме демократски избори и резултати прифатени од сите
Очекуваме демократски избори и резултати прифатени од сите. Важно е во овој момент да видиме волја кај сите политички играчи во Македонија, да се борат против корупцијата.
-
Македонија 29.09.2016 16:12
Кардиоваскуларните заболувања косат
Секој втор граѓанин во Македонија лани починал поради кардиоваскиларни заболувања - податоците од Институтот за јавно здравје алармантни. Ризик фактори нередовната физичка активност, пушењето, исхраната, стресот.
-
Македонија 29.09.2016 15:47
Стотици Македонци умираат поради загаден воздух
Во Македонија годишно се губат околу 640 човечки животи поради преголемо загадување на воздухот, покажува истражувањето на 17 граѓански организации од Југоисточна Европа. Според податоците од четиригодишниот проект, најголем загадувач е енергетскиот сектор.










