Над милион и 200 илјади луѓе гинат на светските патишта годишно. 50- тина милиони се со потешки повреди. Најмалку жртви во Европа. Во Македонија годинава 109 жртви, за 10 насто повеќе од лани. Целта е бројот на жртвите во сообраќајни незгоди да се намали и приближи до просекот на ЕУ.
-
Македонија 30.09.2016 16:21
-
Македонија 30.09.2016 15:44
Обуки и стручен испит за раководните лица во јавната администрација
Идните раководни лица во јавната администрација од февруари идната година ќе бидат обврзани да посетат 11 обуки и да положат стручен испит. Изготвени се прирачници кои ќе бидат електронски достапни на веб страната на Министерството за информатичко општество и администрација.
-
Македонија 30.09.2016 15:36
Достоинствена старост за старите лица
Времето полесно минува со луѓе- раскажува дивна која четири години го посетува Центарот за стари лица. Вели пензионерите тука се дружат, разменуваат искуства, надополнуваат нова енергија во животот. 120 луѓе од третото доба во овие центри бараат утеха од осаменоста.
-
Македонија 30.09.2016 15:28
Скопје и Тирана се збратимија
Скопје и Тирана се збратимија- градоначалниците од македонската и албанската престолнина, Коце Трајановски и Ерион Велијај, очекуваат со ова да се продлабочи соработката на сите полиња, да се разменуваат знаења и искуства, да се продалбочат пријателските врски.
-
Македонија 30.09.2016 14:55
СДСМ бара итна собраниска седница за измените во Законот за СЈО предложени од Јанева
Со донесувањето на двете законски решенија, ќе се поддржат барањата на Специјалното јавно обвинителство, за да се овозможи непречена работа на институцијата, вели Шилегов, додавајќи дека очекуваат спикерот Вељаноски седницата да ја закаже во најкус можен рок.
-
Македонија 30.09.2016 13:54
Тодоров: Реновирано очното и ушното одделение во Велешката болница
Се обновува фасадата на Велешката болница. Очното и ушното одделение се веќе реновирани, на ред е одделението за интернистичката интензивна нега, рече министерот Тодоров, кој денеска ја посети болницата.
-
Македонија 30.09.2016 13:49
Лутфиу: Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе почне со работа за две недели
Новиот универзитет „Мајка Тереза“ ги отвора вратите. Формиран е сенатот, Азиз Положани е избран за ректор со шестмесечен мандат. На почеток, студентите ќе учат во просториите на Штуловиот Универзитет во Скопје.
-
Македонија 30.09.2016 13:45
Ременски: Достоинствен живот за старите лица
Достоинствена старост и грижа за старите лица- порача министерката за труд и социјална политика Ременски по повод утрешниот Меѓународен ден на стари лица. Го посети старскиот дом Мајка Тереза каде има згрижено 68 корисници.
-
Македонија 30.09.2016 13:14
Милошоски: Кризата со мигрантите создава политички кризи
Македонија е домаќин на Есенската сесија на Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа. На утринската сесија се разговараше за безбедноста и соработката во Медитеранот на која говореше потретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски.
-
Македонија 30.09.2016 13:12
Расправата повторно одложена, Јанева не се појави
Специјалната обвинителка Катица Јанева трет ден не се појавува на седницата на Комисијата за политички систем, по што претседателот на комисијата Ѓорчев, повторно ја одложи.










