Еврокомесарот Јоханес Хан утрово се сретна со премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев. Од Владата соопштуваат дека на средбата била истакната значајноста и потребата за членство на Република Македонија во Европската унија, како и заложбата за спроведување на потребните реформи.
-
Македонија 14.10.2016 12:17
-
Македонија 14.10.2016 11:39
Финансиски криминал тежок 1,5 милиони денари откриен во ЈП Чистота и зеленило- Куманово
Финансиска полиција го чешла работењето во Јавното претпријатие Чистота и зеленило-Куманово. Од Управата велат дека е откриен и документиран финансиски криминал, тежок 1,5 милиони денари. Оштетен е буџетот на претпријатието.
-
Македонија 14.10.2016 11:25
ОЈО Куманово спроведува истражна постапка против државјанин на Република Албанија
По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за финансии – Царинска управа, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово оформи предмет и донесе наредба за спроведување на истражна постапка против албански државјанин.
-
Македонија 14.10.2016 10:24
Седници на пет собраниски комисии
Во Собранието седници ќе одржат пет собраниски комисии. Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог- законот за даночни, царински и други фискални погодности, за одржувањето на УЕФА Супер купот во 2017-та, како и четири други законски проекти.
-
Македонија 14.10.2016 10:21
Собранието ја продолжува 124-тата седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 124-тата седница, на која треба да се гласа за предлог- законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на домашните државни универзитети.
-
Македонија 14.10.2016 10:18
Ориз: Помал род, неизвесен пласман
Со почетокот на жетвата на оризот се намалија и очекувањата на земјоделците дека годинава ќе им биде побериќетна од лани.
Родот е помал од минатата година, а за квалитетот велат дека е сеуште рано да се знае каков ќе биде.
-
Македонија 14.10.2016 10:14
Еврокомесарот Хан оствари средба со премиерот Димитриев
Комесарот за преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан денеска престојува во посета на Република Македонија, и веќе се сретна со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.
-
Македонија 14.10.2016 08:41
Хан на средби во Скопје
Еврокомесарот Јоханес Хан денеска ќе престојува во Скопје. На агендата средби со премиерот Димитриев, со лидерите на четирите политички партии, со специјалната обвинителка Катица Јанева и со преставници на граѓанското општество.
-
Македонија 14.10.2016 08:13
Сообраќајот се одвива без забрани, по претежно суви коловози
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
-
Македонија 13.10.2016 16:40
Мигрантска криза: Безбедносните сили подготвени за сите можни сценарија
Нема гаранција дека не би се соочиле со нов поголем мигрантски бран, вели министерот за одбрана Јолевски. Дециден е, треба да бидеме подготвени да се соочиме со сите предизвици. Армијата и натаму останува на јужната граница. Генералштабот има развиено стратегија.










