Во текот на утрешниот ден ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Во текот на утрешниот ден ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија е Никола Ивановски. Неговиот мандат почнува на 1-ви ноември 2016 година.
Ивановски, кој ќе ја наследи Елена Гошева, денеска на колегиум на Судот е избран со двотретинско мнозинство, а за уставен судија е избран во 2012-та година.
Пратеничката група на СДСМ побара Собранието да се распушти денеска и веднаш, и да нема дополнувања со нови закони.
Судското рочиште за предметот „Дива населба“ денеска е одолжено поради службено патување на овластениот обвинител од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува во соопштението од скопскиот Кривичен суд.
Во Собранието на Република Македонија почна расправата по дополнетиот предлог- буџет за 2017-та година. Пред пратениците предлогот го образложува министерот за финансии Кирил Миноски.
Неонатологијата или медицинска служба која прва го прифаќа новореденото дете, без разлика дали тоа е здраво или се родило со некој ризик. Во македонското здравство последниве педесетина години има посебен акцент во развојот.
Македонија ги користи европските пари, институционално и граѓански спроведува проекти кои се финансирани од средства од претпристапната помош, но не покажува голем ефект од искористените фондови, велат од Институтот за европска политика.
Утре од 21 до 22 часот ќе биде привремено затворен тунелот Демир Капија на државниот пат А1, делница Демир Капија-Гевгелија за сите категории возила.
11-ти декември е многу важен ден за иднината на Република Македонија, денот кога секој ќе има можност да покаже во каква Македонија сака да живее.
Во Законодавниот дом е закажана нова пленарна седница, на која пратениците треба да расправаат за предлог-буџетот за 2017 година. На дневен ред се и двете иницијативи за распуштање на Парламентот, поднесени од Павле Трајанов и од СДСМ, и од коалициските партнери.