Претставници на опозицијата предводени од лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва протестираа пред Владата на Република Македонија и пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, изразувајќи незадоволство од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.
-
Македонија 12.04.2016 23:16
-
Македонија 12.04.2016 22:54
Протест пред седиштето на СДСМ
Група граѓани вечерва се собраа пред седиштето на СДСМ протестирајќи поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов со која се извршува општ прекин на сите постапки против политичари.
-
Македонија 12.04.2016 16:52
„За подобра Македонија“: Избори на 5-ти јуни за излез од политичката криза
Изборите ќе се одржат на 5-ти јуни. Секој ја сноси одговорноста за своите одлуки. Граѓаните го имаат последниот збор и решават за составот на Собранието и на идната влада. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ единствена во ставовите.
-
Македонија 12.04.2016 16:37
Костадиновски: Нема отровни краставици во Македонија
Дополнителниот заменик- министер за земјоделство тврди македонските граѓани јадат отровни краставици увезени од Албанија. Вели- така покажале анализите на примерок од краставиците. Според Николовски, податоците за увозникот и за извозникот ќе ги достават до институциите.
-
Македонија 12.04.2016 16:23
Иванов донесе одлука за прекинување на сите постапки против политичари
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска објави дека донел одлука да потпише аболиција за сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој издржува затворска казна.
-
Македонија 12.04.2016 16:21
Достоинство се приклучи на Платформата за демократска Македонија
Регуларни, фер и демократски избори, враќање на правдата, реформи во медиумите, деполитизација и демократизација на институциите и застанување зад сите универзални и европски вредности коишто ги заслужуваат сите граѓани се клучните цели што сакаме да ги оствариме, изјави Зоран Заев, претседателот
-
Македонија 12.04.2016 15:35
„Едукативен автобус“ за унапредување на безбедноста на децата во сообраќајот
Преку проектот „Едукативен автобус“, децата од најмала возраст ќе се запознаваат со сообраќајната инфраструктура, сообраќајните правила и прописи. Целта е да се зголеми нивната безбедност.
-
Македонија 12.04.2016 14:53
Чавков: МВР функционира нормално
По објавувањето во службен весник, од денеска, одлуката за суспендираните решенија на министрите за внатрешни и за труд и социјална политика станува правосилна. Работите треба да се вратат во претходна состојба. Заменик- министерот Чавков тврди дека МВР нормално функционира.
-
Македонија 12.04.2016 14:04
Метео: Утре сончево и потопло време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Во четврток се очекуваат услови за преодно дестабилизирање со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
-
Македонија 12.04.2016 14:02
Николовски: Увезени отровни краставици од Албанија
„Во Македонија се увезени отровни краставици од Албанија“, тврди дополнителниот заменик- министер за земјоделство Николовски. Ова го покажале анализите на примерок од краставиците.








