Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија кои вчера беа упатени да помогнат на граѓаните на Македонија загрозени од елементарната непогода, веднаш по пристигнување во село Црешево, Скопско, се вклучија во помош на населението, како и на санација на теренот и црпење вода.
-
Македонија 09.08.2016 10:57
-
Македонија 09.08.2016 10:53
Жителите на најпогодените места во скопскиот регион сѐ уште водат борба со надојдената вода
Жителите на најпогодените места во скопскиот регион сѐ уште бијат битка со надојдената вода. Со машини ја испумпуваат од куќите и дворовите. Штетата е голема, поплавени ни се куќите, но продолжуваме да се бориме со последиците од стихијата, велат жителите.
-
Македонија 09.08.2016 09:25
Хуманитарна продажна изложба за настраданите во поплавите
Продажна хуманитарна изложба на повеќе од 30 македонски уметници (сликари, графичари, цртачи, писатели, дизајнери на накит) од неколку македонски градови ќе се одржи вечер од 20 часот во арт-кафето „Концепт 37“.
-
Македонија 08.08.2016 16:45
Македонија тагува за жртвите од поплавите
Знамиња на половина копје. Главниот град осамна во непребол за своите сограѓани. Само за неколку часа водената стихија остави пустош зад себе. Однесе човечки животи, уништи илијадници домови, предизвика огромна материјална штета.
-
Македонија 08.08.2016 16:42
За пет минути загубивме сѐ: Ноќ под туѓ покрив за жители на Стајковци
На седумдесет години- бездомници. Димитрие и Даница Димовски во кесата со лекови и четири блузи го спакуваа својот живот. Големата поплава им го расипа мирот штo планираа да го живеат во родното Стајковци. Изутрината се разбудија под туѓ покрив, во ученичкиот дом „Партенија Зографски“.
-
Македонија 08.08.2016 16:25
Хуманитарна акција за помош на настраданите
Македонија се солидаризираше со настраданите во невремето. Хумани граѓани, компании, синдикати, општини испраќаат пакети со помош, храна, вода, средства за хигиена и за дезинфекција.
-
Македонија 08.08.2016 16:10
Се санираат последиците од невремето, водата тешко се повлекува
Се вратил од Германија за да го помине летото со роднините, но наместо сонце го дочека поплава. Чедомир Лазаревски од скопско Стајковци за МТВ ја раскажа својата тажна приказна. Вели, повеќе од 50 илјади евра децениска заработка инвестирана во домот и покуќнината отпловија однесени од водата.
-
Македонија 08.08.2016 15:40
Одбележани 15 години од загинувањето на бранителите кај Карпалак
Прилеп денеска се сеќава и одбележува.
-
Македонија 08.08.2016 15:28
Отворена книга на жалост за жртвите од невремето
Книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го зафати Скопско денеска ќе биде отворена во просториите на салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).
-
Македонија 08.08.2016 15:22
Брисел подготвен да ѝ помогне на Македонија
Во моментов се работи на специфицирање на конкретните потреби за справување со вонредната состојба, по што и официјално ќе биде побарана меѓународна помош- информираа од македонското Министерсво за надворешни работи. Официјален Брисел најави дека е подготвен да ѝ помогне на земјава.










