Партијата за европска иднина (ПЕИ) стави потпис на Платформата за демократска Македонија која пред два дена ја потпишаа опозициската СДСМ и коалиционите партии. Партијата на Цаноски и во 2011-та соработуваше на изборите со СДСМ.
-
Македонија 11.04.2016 16:47
-
Македонија 11.04.2016 16:30
Прва операција во новата болница „Филип Втори“
60 годишен Виничанец е првиот пациент на кој му е направена бајпас операција на срце во новата болница за кардиохирургија „Филип Втори“. Од денеска опративните зафати ќе се извршуваат во новиот објект.
-
Македонија 11.04.2016 15:48
Минибус излета од пат во Гостиварско, повредени 14 лица
Четиринаесет лица, од кои 10 деца и 4 возрасни се повредени откако минибус „Форд турнео“, излетал од патот околу 12 часот и 40 минути, во близина на гостиварското село Падалиште, во непосредна близина на мостот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
-
Македонија 11.04.2016 15:19
Спасовски посети еден од повредените полицајци
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, посети еден од полицајците кои беа повредени во вчерашните немири со мигрантите на јужната граница.
На полицаецот, хоспитализиран во Ургентниот центар, Спасовски му посакал брзо закрепнување и му честитал за храброста.
-
Македонија 11.04.2016 15:04
Метео: Утре сончево, стабилно и потопло време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево стабилно и потопло време со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Дневните температури ќе бидат повисоки од денешните, а масималната ќе достигне до 27 степени.
-
Македонија 11.04.2016 14:11
Павлопулос пак се закани: Нема ЕУ и НАТО поради заштитата на границата
Грчките власти и медиуми последното деноноќие оркестрирано ги демонизираат македонските безбедносни сили, јавува дописникот на МРТ од Атина.
-
Македонија 11.04.2016 14:03
Откриени 20 авганистанци во возило кај Кавадарци
На патниот правец Кавадарци-Мушов Гроб, вчера околу 7 часот, во патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.И. (22) од скопското село Батинци, полициски службеници откриле 20 илегални мигранти од Авганистан.
-
Македонија 11.04.2016 13:32
ЕК: Мигрантите од Идомени да се префрлат во бегалските центри низ Грција
Европската комисија со повик- мигрантите од грчката страна на границата да се преместат во кaмповите низ земјата и да не им се даваат неточни информации.
-
Македонија 11.04.2016 13:18
Електронските услуги на ФЗОМ ги искористиле 6.753 осигуреници
Електронските услуги на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) досега ги искористиле 6.753 осигуреници, овластени лица и здравствени работници, кои поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.
-
Македонија 11.04.2016 12:59
НВО активисти- организатори на насилните инциденти на мигрантите
Инцидентот со мигрантите кај Сехово бил поттикнат од невладини активисти. Организирани масовни и координирани обиди за илегален премин на границата, соопштуваат од македонското МНР.










