Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Попладне не е исклучена можноста за ретка појава на краткотарен дожд со грмежи особено во западните и југозападните подрачја.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Попладне не е исклучена можноста за ретка појава на краткотарен дожд со грмежи особено во западните и југозападните подрачја.
Одделот за криминалистичко- технички испитувања и вештачења доби сертификат за акредитација. Ова значи потврда на компетентноста, повисока доверба во лабараториските резултати, стандардизацијата на методите за анализа и вештачење на доказниот материјал со светските практики, велат од МВР.
Работните групи и денеска треба да продолжат со работа. Доколку постигнат конечен договор, предлог- законите веднаш ќе бидат пратени до Собранието.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, оствари средба со генералот Џим Џонс, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама и командант за Европа на Алијансата.
Собранието на денешната 111-та седница ќе ја продолжи расправата по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.
Државната изборна комисија на веб страницата ќе ги објави имињата на спорните гласачи. До 19- ти август граѓаните кои се наоѓаат на листата мора да се пријават лично, електронски или преку видео врска за да останат на избирчакиот список.
53 години од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26-ти јули во 5 часот и 17 минути, проследен со низа помали потреси. Над 200 илјади луѓе останаа без покрив над главата, беа разрушени 15 и пол илјади домови. Меѓународна помош пристигнувала од сите страна.
Работните групи од четирите политички партии - потписнички на договорот од Пржино, попладнево ќе имаат нова средба. На неа треба да ги усогласат законските измени кои претходно ги договорија, за медиумите, за влада и за полиција.
УВ зрачењето денеска достигна индекс 8. Кога е сончево оваа вредност за неколку минути може да предизвика изгореници по телото на луѓето со светла кожа- предупредуваат лекарите. Дел од граѓаните дејствуваат превентино:
Државната изборна комисија (ДИК) за денеска во 15:30 часот закажа седница на која на дневен ред се повеќе точки кои произлегоа од измените на Изборниот законик, донесени во петокот врз основа на договорот на претставниците на политичките партии постигнат минатата недела.