Државната изборна комисија денеска треба да ја започне теренската проверка на 89.383 спорни записи во Избирачкиот список.
-
Македонија 28.03.2016 08:10
-
Македонија 28.03.2016 08:08
Извештајот за активностите на СЈО на пленарна седница
Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци е на дневен ред на 99. седница на Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 27.03.2016 10:51
Католиците го слават Велигден
Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден.
Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.
-
Македонија 26.03.2016 10:32
Летно сметање на времето од недела
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред утре во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето. Часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.
-
Македонија 25.03.2016 16:22
Тодоров: 200 милиони евра за капитални инвестиции во здравството
Во изминатите 10 години инвестиравме 200 милиони евра во изградба и реконструкција на болници и набавка на нова медицинска опрема, а во тек се инвестиции од 42 милиона евра, рече Никола Тодоров во отчетот за сработеното.
-
Македонија 25.03.2016 16:15
Агенција за медиуми: Новинарските принципи и стандарди треба да се издигнат на повисоко ниво
„Новинарските принципи и стандарди треба да се издигнат на повисоко ниво- се чуствува пад во најсилната општествена професија“- заклучок на состанокот во Агенцијата за медиуми посветен на новинарските принципи.
-
Македонија 25.03.2016 16:00
Случај „Ќелија“: Оџата од Тутунсуз доби 7 години затвор
Оџата Реџеп Мемиши од скопската џамија Тутунсуз нема да оди на судење. Тој е еден од шестемина кои се спогодија со обвинителството. Призна дека бил исламски свештеник со завршен теолошки факултет кој се борел во Сирија од страната на Исламска држава. За ова доби седум години затвор.
-
Македонија 25.03.2016 15:19
Судската администрација на протест
Вработени во управата и правосудните органи го трансформираа штрајкот во протест низ скопските улици. Велат дека кај надлежните нема волја да се надминат проблемите. Бараат измени на Законот за судска служба, повисоки плати и исплата на ветените пет проценти, враќање на старото работно време.
-
Македонија 25.03.2016 14:48
Превентива од можни закани: Контрола на повратниците од воените жаришта
Македонските надлежни институции будно ја следат безбедносната состојба по терористичките напади во Париз и во Брисел.
-
Македонија 25.03.2016 14:25
Најсовремена опрема донирана на Институтот за трансфузиона медицина
Опрема за подобрување на квалитетот на дарувањето на крв, во вредност од 50 илјади евра е донирана на Институтот за трансфузиона медицина. Донацијата е дел од проектот за подобрување на стандардите во медицинската технолошка индустрија, кофинансиран од германската влада.










