Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска имаше работна средба со генералниот секретар во Министерството за надворешни работи на Италија Микеле Валенсизе, соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања.
-
Македонија 09.03.2016 11:40
-
Македонија 09.03.2016 11:07
Изминатото деноноќие не се издадени потврди за барање азил
Во текот изминатото деноноќие не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
-
Македонија 09.03.2016 10:27
Затворена балканската рута, нема влез на нови бегалци и мигранти на јужната граница
Словенија од полноќ ја затвори границата и нема да прима мигранти без валидни пасоши и визи, со што практично ја блокира балканската рута. Истите мерки ќе ги применува и Србија на границите со Македонија и со Бугарија, соопштуваат од српското МНР.
-
Македонија 09.03.2016 10:14
Повик за финансирање на рибарството
Сопстевениците на рибници може да поднесуваат барање за субвенционирање на производството.
-
Македонија 09.03.2016 08:50
Јолевски во Хрватска и Словенија
Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Хрватска и Словенија.
-
Македонија 09.03.2016 08:45
Министерот Попоски во посета на Израел
Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе престојува во дводневна посета на Израел, во чии рамки ќе оствари средба со заменик-министерот за надворешни работи Тципи Хотовели.
-
Македонија 08.03.2016 17:06
ФЗОМ одобри средства за лекување на осигуреник во странство
Фондот за здравствено осигурување на Македонија одобри средства за лекување во странство за осигуреното лице Х.С, информираат од ФЗОМ.
Оттаму додават дека за ова лице имаше апели за лекување во странство.
-
Македонија 08.03.2016 16:41
Промовирани нови шест мерки за младите
„Бесплатна ласерска корекција на диоптрија за студентите кои имаат проблем со видот, а се од семејства чиј годишен нето приход е до 115.000 денари, бесплатни леќи, за средношколци и студенти од 14 до 26 годишна возраст“ - лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски промовира нов-сет мерки за младите.
-
Македонија 08.03.2016 16:26
Заев на осмо- мартовски марш во Струмица
„Ова е година на промените, а промените ги носите вие жените“ - порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од осмо- мартовскиот марш во Струмица. Вели дека сега се води битка за Македонија која треба да доведе до земја со подобра иднина.
-
Македонија 08.03.2016 16:21
Отпуштените работници од транзитниот центар „Винојуг“ повторно на протест
Отпуштените од транзитниот прифатен центар „Винојуг“ денеска протестираа пред кампот. Не добија одговор- зошто не е најдено решение за да бидат вратени на работа. Велат, без причина биле тргнати од работните места. Им било понудено да бидат вработени само 15 луѓе.










