19 години затвор за Никола Кузмановски. Првостепениот суд го прогласи за виновен за убиството на бремената медицинска сестра што се случи на Детската клиника во Скопје.
-
Македонија 13.06.2016 15:17
-
Македонија 13.06.2016 13:08
Собранието расправа за предлогот за импичмент на претседателот Иванов
Почна расправата по предлогот за поведување постапка за одговорност на претседателот Иванов, зад кој стојат потписите на 52-ца пратеници од СДСМ и коалициските партнери, на ДУИ, на тројца независни пратеници и на Павле Трајанов и Лилјана Поповска.
-
Македонија 13.06.2016 10:40
Повик за меѓународна обука за млади лидери
Во тек е конкурсот за седмата меѓународна обука за млади лидери- соопштуваат од Кабинетот на Иванов. Обуката ќе се одржи од 14-ти до 26-ти август во Охрид.
-
Македонија 13.06.2016 10:37
„Ало докторе“: 1.391 повик за една седмица
На телефонската линија „Ало докторе“ медицински совет во текот на изминатата седмица побарале 1.391 лице.
-
Македонија 13.06.2016 10:34
Матурантите полагаат трет предмет од државната матура
Матурантите го полагаат третиот предмет од државната матура - странски јазик. Проверката на знаењето го заокружуваат на 15-ти, со полагање еден изборен предмет.
Оваа учебна година за државната матура се пријавени 16 илјади 859 ученици.
-
Македонија 13.06.2016 10:18
Предлогот за импичмент на претседателот Иванов на собраниска седница
Во Собранието на дневен ред- предлогот за поведување постапка за одговорност на претседателот Иванов, зад кој стојат потписите на 52-ца пратеници од СДСМ и коалициските партнери, на ДУИ, на тројца независни пратеници и на Павле Трајанов и Љилјана Поповска.
-
Македонија 13.06.2016 10:05
Системи „капка по капка“ во оризовите полиња
На две парцели во Чешиново и во Кочани неделава ќе почне наводнувањето на оризот со системите капка по капка.
Новата мрежа на експерименталните полиња е поставена веднаш по сеидба на растенијата.
-
Македонија 12.06.2016 17:01
Формирање реформска влада за излез од кризата
Реформска влада составена од експерти со висок професионален кредибилитет за решавање на политичката криза, предлага Коалицијата за промени и правда. 4-те партии од Коалицијата сметаат дека е потребно рекомпонирање на судскиот совет.
-
Македонија 12.06.2016 14:58
Кривични пријави за 27 лица во акцијата „Гора“
Нелегален транспорт на дрва, кражба, пустошење шума. Единица за економски и компјутерски криминал поднесе 26 кривични пријави против 27-мина. Фатени се во акцијата „Гора“.
-
Македонија 10.06.2016 16:26
Груевски: Не сум виновен и немам намера да се кријам
„Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата и дека нема да се појавувам во судот- не знам дали некој верува во такво нешто, но, тоа не е вистина, туку само желба на нејзините нарачатели“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по распитот во Скопска единица за случајот „ТНТ“










