Опозициската СДСМ бара претседателот на Собранието да закаже седница за пратенички прашања. Иако парламентот одреден период не работеше, владата на Емил Димитриев функционираше, рече координаторот на пратеничката група Сугарески.
-
Македонија 03.06.2016 13:58
-
Македонија 03.06.2016 12:41
Министерот Попоски одликуван со Национален орден од Италијанската Република
Во рамки на одбележувањето на Националниот ден на Италија, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски беше одлекуван со Орден на sвезда на Италија – Гранд Офицер, соопшти МНР.
-
Македонија 03.06.2016 12:39
СЈО води 7 истражни постапки, опфатени се 60 лица
Специјалното јавно обвинителство води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица, информира обвинителка Ленче Ристоска.
СЈО сѐ уште чека одговор од претседателот Иванов од каде му се податоците за лицата што ги помилуваше на 12-ти април.
-
Македонија 03.06.2016 11:17
Тодоров на министерски состанок во Софија
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ќе присуствува на работниот состанок на министрите за здравство од земјите на Централна и Источна Европа, кој се одржува во Софија.
-
Македонија 03.06.2016 11:00
Утре се полага државна матура, ектерно од 7-ми јуни
Утре почнува полагањето на државната матура. Прв предметот е мајчин јазик. На 9 јуни ќе се полага математика, а на 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. На 15 јуни ќе се полагаат физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.
-
Македонија 03.06.2016 10:03
Нови критериуми за субвенционирање житни култури
Производителите на пченица, житни и индустриски култури ќе добијат по 12.000 денари за хектар доколку употребиле сертифициран семенски материјал.
За другите, субвенцијата ќе изнесува 7.000 или 1.000 денари помалку од лани. -
Македонија 03.06.2016 09:09
Комисиска расправа за импичмент на Иванов
Денеска треба да продолжи расправата во Комисијата за импичмент на претседателот Иванов. На вчерашната седница жестока дебата меѓу власта и опозицијата.
Според СДСМ, Иванов со одлуката за аболиција, злоупотребувајќи ја функцијата, ја продлабочил политичката криза и го прекршил Уставот.
-
Македонија 02.06.2016 16:43
ЕУ го испитува субвенционирањето на евтините летови од Македонија
Европската унија го испитува субвенционирањето на летовите на евтини компании што оперираат од скопскиот аеродром- вели гласноговорникот на Европската комисија. Адамовиц тврди дека се во контакт со надлежните власти во Скопје и собираат информации за понатамошно испитување.
-
Македонија 02.06.2016 16:36
Пломп: Разумни решенија за нова препорака за преговори
Доста стававме на хартија, време е за имплементација на договореното. Холандскиот амбасадор ги повика лидерите да ја решат политичката криза. Смета дека доколку донесат разумни решенија, Советот ќе даде повторно препорака за Македонија.
-
Македонија 02.06.2016 16:27
Ќе се гради приватна градинка во Илинден
Нова приватна градинка ќе се гради во Илинден. 120 деца ќе бидат згрижени во комплекс од три дела кој покрај градинката, ќе има и научно-истражувачки центар кадешто ќе можат да ја развиваат својата креативност и во втората фаза основно училиште.










