Специјалното јавно обвинителство води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица, информира обвинителка Ленче Ристоска.
СЈО сѐ уште чека одговор од претседателот Иванов од каде му се податоците за лицата што ги помилуваше на 12-ти април.
Специјалното јавно обвинителство води седум истражни постапки во кои се опфатени 60 лица, информира обвинителка Ленче Ристоска.
СЈО сѐ уште чека одговор од претседателот Иванов од каде му се податоците за лицата што ги помилуваше на 12-ти април.
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ќе присуствува на работниот состанок на министрите за здравство од земјите на Централна и Источна Европа, кој се одржува во Софија.
Утре почнува полагањето на државната матура. Прв предметот е мајчин јазик. На 9 јуни ќе се полага математика, а на 13 јуни во сите средни училишта ќе се полага странски јазик. На 15 јуни ќе се полагаат физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.
Производителите на пченица, житни и индустриски култури ќе добијат по 12.000 денари за хектар доколку употребиле сертифициран семенски материјал.
За другите, субвенцијата ќе изнесува 7.000 или 1.000 денари помалку од лани.
Денеска треба да продолжи расправата во Комисијата за импичмент на претседателот Иванов. На вчерашната седница жестока дебата меѓу власта и опозицијата.
Според СДСМ, Иванов со одлуката за аболиција, злоупотребувајќи ја функцијата, ја продлабочил политичката криза и го прекршил Уставот.
Европската унија го испитува субвенционирањето на летовите на евтини компании што оперираат од скопскиот аеродром- вели гласноговорникот на Европската комисија. Адамовиц тврди дека се во контакт со надлежните власти во Скопје и собираат информации за понатамошно испитување.
Доста стававме на хартија, време е за имплементација на договореното. Холандскиот амбасадор ги повика лидерите да ја решат политичката криза. Смета дека доколку донесат разумни решенија, Советот ќе даде повторно препорака за Македонија.
Нова приватна градинка ќе се гради во Илинден. 120 деца ќе бидат згрижени во комплекс од три дела кој покрај градинката, ќе има и научно-истражувачки центар кадешто ќе можат да ја развиваат својата креативност и во втората фаза основно училиште.
Прво комисиско соочување на аргументите меѓу власта и опозицијата за оправданоста за импичмент за претседателот, Ѓорге Иванов. Според Социјалдемократите, со одлуката за помилување, шефот на државата го нарушил владеењето на правото и поделбата на власта.
Синдикатот на УПОЗ се состана со советниците на министерот за правда. Им порача дека не отстапуваат од барањата за зголемувањето на додатоците на плата за 35%.